19 Мај, 2024
0.0271

246.494 луѓе заразени со Ковид-19, состојба до 10 часот

Објавено во: Свет, Корона Вирус 20 Март, 2020

Добивај вести на Viber

До денеска до 10 часот, 246.494 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 10.049, а оздравеле 88.485 лица.

-Во изминативе 24 часа надмината е бројката од 10.000 смртни случаи од коронавирусот во светот. Изминатиот ден Италија со 3.405 регистрирани случаи на умрени од болеста Ковид-19, од кои најголемиот дел во северниот дел на земјата, ја надмина Кина, во која со трите најнови смртни случаи од последното деноноќие сега има 3.248 умрени.

-Бројот на заболени од коронавирусот во Германија надмина 15.000, а има и 44 so смртни последици, што е далеку помалку од Иран каде има над 18.000 заразени и 1.284 починати, како и Шпaнија, која,  исто така, со над 18.000 заразени има 831 смртен случај.

-Од коронавирусот досега во најзагрозените северни италијански градови починале над 15 свештеници. Имено, во Бергамо починале најмалку десетина, во Парма пет, а смртни случаи имало и во Милано, Бреша и Кремона.

– Бројот на новозаразени од коронавирусот во Јужна Кореја за двојно е намален во последените 24 часа,  бидејќи се регистрирани само 87 нови случаи ден, наведува Центарот за контрола и спречување на болестите во Сеул. Во меѓувреме се починати уште три заразени лица, со што вкупниот број достигна 94 лица.  Со новите бројки на заразени сега во земјата  инфицирани се вкупно 8.652 лица.

-Саудиска Арабија ги прекинува сите домашни летови, автобуски и железнички линии, како и такси превоз во следните 14 дена, за да се обиде ширењето на заразата да го стави под контролира.

-Малезиската војска од недела ќе и помога на полицијата во патролирање за контрола на воведениот карантин во земјата, како одговор на неодамнешниот раст на нови случаи на коронавирус. Бројот на заразени изнесува 900, што Малезија ја крева на четвртото место во Азија според борјот на инфектирани од коронавирусот.

– Гувернерот на Калифорнија, Гавин Невсом, вчера им нареди на жителите на државата да останат дома. Директивата влезе во сила од синоќа, а со неа се ограничуваат  несуштинските движења, а ќе можат да функционираат само основните бизнис активности и услуги, како продавниците и аптеките.

-Двајца патници и член на екипажот на крузер што впловил во пристаништето во  Сиднеј се позитивни на тестот за коронавирус, соопштија денеска австралиските здравствени власти.  Крузерот „Принцезата Руби“ се вкотви во Сиднеј вчера по крстосувањето околу Нов Зеланд, а на бродот имало  2.700 патници и 1.100 членови на екипажот.

-Чиле го одложи референдумот за уставните реформи поради ширењето на заразата. Парламентот синоќа соопшти  дека претстојниот уставен референдум е одложен поради кризата. Место на 26 април, плебисцитот за новиот Устав ќе треба да се оддржи на 25 октомври, соопшти Сенатот, а владата ја поздрави одлуката

– Оперативниот кризен штаб за борба против коронавирусот во Бугарија утринава информираше за уште  пет новозаболени со што вкупната бројка на заразени се зголеми на  112.

– Во Србија ноќеска се регистрирани нови 15 случаи на заразени, а вкупно во земјата има 113 лица позитивни на коронавирусот.

– Во Црна Гора, земјата која до пред три дена немаше ниту еден регистриран случај, од ноќеска има уште три нови случаи или во моментов  вкупно 13


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)