15 Мај, 2024
0.1123

110 смртни случаи - настрадаа и млади, просечната возраст на тие кои ги изгубивме е над 60 години

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Во изминатото деноноќие како последица на компликации од Ковид-19 починаа четири лица. Тројца се над 65 години, а еден пациент имал само 41 година. Во земјава досега од болеста починаа 110 луѓе, но според статистиката на Институтот за јавно здравје, најголем процент од нив се лица над 60 години. 

Најточно според податоците од вчера кои се последни обработени во извештаите од Институтот највисок специфичен морталитет е регистриран на возраст од 69 години или 18 на 100.000. 

Инаку регистрирани се 72 смртни случаи кај лица од машки и 34 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 79 (74,5%) се регистрирани коморбидитети односно претходни заболувања. Девет (8,5%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 97 (91,5%) починале за време на хоспитализација.

Министерството за здравство извести дека изминатото деноноќие Во ГОБ „8 септември“ починала пациентка од Скопје која имала 65 години примена на 11 мај, но и пациент од Скопје кој имал 71 години и кој хоспитализиран на 16 мај, пациент од Тетово - 73 години во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Прилеп кој имал 41 година кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.

Меѓу најмладите кои настрадаа е пациент од Гостивар кој имаше 36 години,  апочина во април. На почетокот на април беше известено дека почина 27 годишна родилка од Куманово.

Подолу е графикон на заболените по возрасна група.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години или средна возраст е 46 години. Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 397 (21,6%).

Графикон 1Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=1.839)

19.5.2

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ СО КОЛКУ ИМОТ РАСПОЛАГА НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СПОРЕД ПОСЛЕДНИОТ АНКЕТЕН ЛИСТ: Имот на нејзино име нема, но има неколку штедни книшки со пари

ЕВЕ СО КОЛКУ ИМОТ РАСПОЛАГА НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СПОРЕД ПОСЛЕДНИОТ АНКЕТЕН ЛИСТ: Имот на нејзино име нема, но има неколку штедни книшки со пари

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?