16 Мај, 2024
0.1533

1 година стратешко партнерство меѓу Еден на Еден и гигантот TBWA

Објавено во: Македонија 22 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Во време на најсериозните социо-економски предизвици за секоја компанија, цел која е особено тешка за остварување е да се изнајдат нови патишта кон раст и развој. За една од најголемите независни маркетинг агенции кај нас, Еден на Еден, патот кон ова оди преку стратешкото партнерство со една од најголемите агенции во целиот свет, њујоршката TBWA, преку нивната компанија која оперира на регионот од Западен Балкан, Luna/TBWA.

Договорот потпишан пред 1 година е со цел остварување стратешка соработка на македонскиот пазар, а менаџментот на обете страни не го крие задоволството од изминатиот период.

“Со Жарко од Еден на Еден се знаеме подолго време, повеќе години сме биле заедно во жири комисии на најголемите адвертајзинг фестивали во регионот. Следејќи го нивниот развој, бевме среќни што станаа наши партнер за Северна Македонија во моментот кога се роди потреба за тоа. Еден на Еден е одлична и сериозна организација која ги задоволува нашите критериуми, а тие се многу високи.
Навистина се големи професионалци кои секогаш го испорачуваат она што ќе го ветат и пред сè, се одлична група луѓе на кои секогаш може да се потпреме и да им веруваме” - вели Дали Бунгиќ, директорка на словенечката Luna/TBWA.

Милан Димитриоски, основач на агенцијата Еден на Еден, додава – “1 година по потпишувањето на овој договор, навистина сме среќни. Добивме know-how и комплетна поддршка од една од најсилните светски агенции, а притоа ја задржавме независноста како важен параметар за понатамошно развивање на компанијата. Соработката ќе продолжи уште позасилено во 2022.”

Јубилејот од партнерството се совпаѓа со 10-годишнината од постоењето на маркетинг агенцијата Еден на Еден. Период во кој растејќи константно, компанијата се етаблираше како еден од најсериозните играчи на домашниот пазар. Работејќи комплетен маркетинг сервис за своите клиенти, од осмислување до реализација и мониторинг, компанијата е партнер на едни од најсилните странски и домашни брендови како Pepsi, KFC, Gorenje, Argeta, Алкалоид, Голден Арт и многу други.

Агенцијата е добитник на повеќе интернационални награди за своите кампањи. Кретивниот директор Жарко Димитриоски е прогласен за претприемач на годината 2017-та во Македонија, а 2018-та беше дел од 30-те највлијателни луѓе во Европа под 30 години од областа медиуми и маркетинг според најпознатиот бизнис магазин Forbes.

TBWA пак, пред неколку денови беше прогласена за глобална агенција на годината 2021 од реномираниот Adweek.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

„ОБИДОТ ДА СЕ РЕШАТ ДВЕТЕ КЛУЧНИ ПРАШАЊА ВО ЕДЕН МАНДАТ Е ТЕШКА ГРЕШКА“: слушнете го ставот на Бранко Азески во „Бизнис Муабети“

„ОБИДОТ ДА СЕ РЕШАТ ДВЕТЕ КЛУЧНИ ПРАШАЊА ВО ЕДЕН МАНДАТ Е ТЕШКА ГРЕШКА“: слушнете го ставот на Бранко Азески во „Бизнис Муабети“

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ПАЛЧО, НО ТИЕ НЕМА ДА СЕ СПОДЕЛАТ СО ЈАВНОСТА - првата ноќ во затворот тој ја поминал мирно

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ПАЛЧО, НО ТИЕ НЕМА ДА СЕ СПОДЕЛАТ СО ЈАВНОСТА - првата ноќ во затворот тој ја поминал мирно

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?