18 Мај, 2024
0.0294

Зошто за камати на државен долг плаќаме повеќе од за нови болници, училишта и патишта?

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Капиталните проекти во здравство, детска заштита, образование и наука, системи за водоснабдување, образование, водоснабдување и друга инфраструктури зафаќаат помалку пари од буџетот од парите што се плаќаат на камати на државниот долг. На прав пат ли сме?

За камати на државниот долг (домашна и странска валута) за 11 месеци годинава се платени 8,094 милијарди денари односно 131,2 милиони евра, а тоа е многу повеќе пари одошто од буџетот се планирале за изградба на нови амбуланти, болници, реконструкции, изградба на градинки и школи, спортски сали, водоводни мрежи, реконструкција на железница и друга јавна инфраструктура, покажуваат официјалните јавни податоци достапни на интернет страницата на Министерството за финансии.

За камати на државниот долг за 2017 се и ќе бидат платени вкупно 133,1 милиони евра. Тој износ е поголем (поединечно гледано) од буџетите на повеќе од 70 од вкупно 80 буџетски корисници!!! Единствено МВР, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство имаат поголеми буџети од парите што се наменети и исплатени за камати на долгот за лани.

Прегледот што го направи „Фактор“ покажува дека единствено, освен горенаведените, поголеми расходи државата има само уште спрема фондовите за здравствено и за пензиско и инвалидско осигурување. Очигледно е дека буџетскиот расход за камати е многу значајна расходна ставка која сама по себе не е продуктивна. За тоа колкав е товарот што го прават расходите за камати и колку бенефит има за општеството од кредитите на кои се плаќаат овие камати ќе оставиме да елаборираат стручни лица од невладиниот сектор и од државните органи кои ги креираат овие политики. Важно е да нагласите дека парите што се плаќаат за камати поединечно гледано ги надминуваат дотациите кои секоја од општините. Дури гледано и како агрегатна вредност бројките не се за пофалба. Вкупно 14 милијарди денари за 2017 година се наменети за дотанции на сите општини, а за исплата на каматата на државниот долг се планирани и платени 8,2 милијарди денари – сума што покрива речиси 60 отсто од потребите на општините дадени преку блок-дотации.

Трошок за камати на долг

133,1 милиони евра

Мин. транспорт и врски: вложувања воводоводи, водоснабдување, одвод фекални води, гасификација, жичара, плажи, железница и др.   

64,8 милиони евра

Мин.здравство вложувања во: реконструкции амбуланти, болници, изградба на нови амбуланти, клинички центри во Штип и Скопје, ПЕТ центар, медицин.опрема и др.

18,5 милиони евра

Агенција за спорт: изградба на спортски сали

5,4 милиони евра

Мин.за образование: преводи на книги,опрема за лаборатории, градба и рекостр. на училишта и на студентски домови, развој на чов.ресурси и др.

27,5 милиони евра

Мин.труд и социјала: изградба, опремувае и одржување градинки, домови за стари лица и др.

1,5 милиони евра

Мин.земјоделство: хидро системи „Злетовица“ и „Лисиче“, проект за навод.јужна долина на Вардар и др.

5,5 милиони евра

·Извор веб страница на Министерство за финансииhttp://finance.gov.mk/mk/node/4105  и Извршување на Буџет на РМ за 2017 година (ноември)

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа