01 Мај, 2024
0.0257

Зошто валутите и депозитите во државните резерви се на најниско ниво од март 2014 година?

Објавено во: Финансии 16 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Износот на валути и депозити од државните девизни резерви е на најниско ниво од март 2014 година. Ова го покажуваат најновите официјални податоци на централната банка во кои е видливо дека на крајот на јануари 2017 година нивото на валути и депозити во девизните резерви на нашата држава изнесува 143,4 милиони евра. Пониско нивото на девизи и депозити на нашата централна банка не било од март 2014 година кога тие изнесувале 121,5 милиони евра! На крајот на јануари 2017 година нивото на валути и депозити во државните девизни резерви е на најниско ниво во период од 34 месеци (две години и 10 месеци) Во споредба со март 2016 година нивното ниво е преполовено!!!

Само за еден месец државните резерви во валутите и депозитите се стопиле за 120 милиони евра !!!

Тоа е пад од 46 отсто за период од само 31 ден. Односно на крајот на демември лани нивното ниво изнесува 264,1 милиони евра, а само еден месец подоцна изнесува 143,4 милиони евра што е за 120 милиони евра помалку од крајот на 2016 година. Во исто време другите ставки односно монетарното злато пораснало за 6,2 милиони евра до 249,4 милиони евра што најверојатно е раст на берзанската вредност на тој имот. Најголемата ставка во нашите девизни резервни т.е. странските државни хартии од вредност во кои ги чуваме државни девизи пораснале за 58 милиони евра во износ од 2,159 милијарди евра.  Дури и да претпоставиме дека дел од валутите и депозитите се пренасочени во монетарно злато и во странски државни хартии од вредност на тогаш пак постои кусок од 55,5 милиони евра. Можеби ефективата е намалена заради исплата на некои државни обврски или пак за потребите на девизниот курс? За да добие одговор на оваа новонастаната „Фактор.мк“ достави прашање до централната банка и по добивањето ќе ги објави во целост.

Нивото на државните девизни резерви на крајот на јанури годинава вреди 2,557 милијарди евра и е за 57 милиони евра помалку од нивото на крајот на 2016 година. Највисока вредност од 2003 година до сега нашите девизни резерви забележале во октомври во 2016 година и тоа во износ од 2,729 милијарди евра што во голема мерка е резултат на ново задолжување во странство.

Р.Ф

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?