19 Мај, 2024
0.0302

Зошто секое продажно место треба да прифаќа American Express картичка?

Објавено во: Мои пари 02 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

American Express е најпозната платежна картичка во светот, најмногу заради нејзината безбедност и престижноста на трговските партнери кои ја прифаќаат. Во Македонија картичката ја издава единствено Силк Роуд Банка.  

Анализираме зошто трговците би требало да прифаќаатAmerican Express, и кои се предностите за корисниците на овој картичен бренд.

American Express е бренд со изграден имиџ и дефинирани правила за соработка со трговските партнери. Ние ги следиме и правиме анализи за потрошувачките навики на нашите клиенти поради што имаме јасна слика со кои трговци можеме да соработуваме. Од нашите трговски партнери бараме да го следат имиџот на American Express и да го издигнат работењето на највисоко ниво“, велат од Силк Роуд Банка.

Кои се клучните бенефити за трговците?

Клучните адути кои American Express картичката ги нуди на трговците се: безбедни, големи и континуирани трансакции, и трансакции направени од странци.

„Оние трговци кои сакаат да ги подобрат перформансите на работење, би требало да станат наши партнери поради бенефитите кои ги овозможува плаќањето со картичката. Особено би го истакнале бенефитот од правење големи трансакции и фактот што American Express ги привлекува странските купувачи за кои American Express е гаранција за безбедна трансакција. Кога корисниците на American Express влегуваат во продавница, прво проверуваат дали картичката се прифаќа таму, па потоа одлучуваат дали да купуваат“, велат од Силк Роуд Банка.  

Клучен факт кој треба да го знае секој трговец е дека корисниците на American Express секогаш трошат повеќе отколку корисниците на другите платежни картички. Анализите покажале дека нашата просечна трансакција е за околу 200% поголема отколку просечната Master и Visa. Во големите маркети, како Веро, нашата просечна трансакција е околу 1500 денари, а на останатите картички околу 480 денари. На глобално ниво American Express веќе склучува договори со големи корпорации кои понатаму ги обврзуваат своите вработени да ја користат исклучиво оваа картичка со бенефитите кои им ги нуди за возврат.

 Кои се бенефитите кои ги носи American Express за новите корисници?

American Express е глобално најприфатена картичка и бренд кој е прв избор за сите кои често патуваат. Обезбедувањето на хотелско сместување, рент а кар и други услуги при патување се многу полесни и побезбедни со користење на оваа картичка. Шансите да се направи злоупотреба при користење на картичката се речиси неверојатни, бидејќи American Express успеа безбедноста на трансакцијата да ја издигне на највисоко ниво и да изгради мрежа на трговци кои се докажани и сериозни во бизнисот.

„Друг голем бенефит за корисниците на American Express е програмата „Твој бонус“. Оваа програма обезбедува поврат на средствапри секое купување, независно од бројот на трансакции и износот при купувањето. Постојат и други поволни пакети кои ги нуди картичката. На пример, доколку корисникот е на висока менаџерска позиција и има повисоки примања, тогаш се нуди златна American Express картичка која нуди патничко осигурување кое покрива 90 дена при патување во странство“, објаснуваат од Банката.  

Предност плус за корисниците  на оваа картичка е и бескаматниот грејс период. Доколку сите купувања од тековниот месец корисниците ги раздолжат до 20-ти наредниот месец, не плаќаат никакви камати за трансакциите. Тоа значи дека кога една трансакција ќе се направи на почетокот на месецот, корисникот има педесет дена за да ја исплати без камата. На ваков начин се зголемува бројот на трансакциите,  а корисниците на American Express се наградуваат за нивната лојалност.

Колкав е бројот на застапеност на картичката во хотелиерството, рестораните итн.?

Поместување настана откако во Македонија започна со работа хотелот Marriot,бидејќи е долгогодишен глобален партнер на American Express, со огромен број на извршени трансакции. Освен хотелите, картичката добро котира кај речиси сите рент а кар агенции, од кои картичката одлично е прифатена и редовно се вршат трансакции.

Како корисниците може да проверат каде се прифаќа картичката?

Засега постои веб страницата на Банката, но пристигнува една нова платформа каде корисниците попрактично ќе можат да се информираат за трговците кои ја прифаќаат картичката. Подготвувамелокална веб страницаamericanexpress.com.mk која ќе биде активна наскоро.

Од главната веб страница може да се отвори листа на ситеземји во кои може да се користи American Express картичката, со трговските партнери кои ја прифаќаат картичката во таа земја.

Дополнително изготвуваме месечен извештај за корисниците на картичката, во кои покрај стандарните податоци за извршените трансакции ги информираме за новите трговски партнери и поволностите кои ги воведуваме. 

Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст