02 Мај, 2024
0.0370

Google очила за полицајците и болничарите

Објавено во: Стил 20 Август, 2013

Добивај вести на Viber

За време на настанот APCO 2013, американската компанија Mutualink презентираше како преносните технологии, на пример Google Glass, може да се користат од полицијата, пожарникарите и болничарите, пренесува ZDNet. Во соопштението за медиуми се истакнува дека со помош на Google Glass (очила)секој спасител "може да обезбеди на видео во живо од местото на настанот за своите колеги и истовремено да комуницира со партнерите". Така на пример пожарникарите може да добијат план на зградата, а болничарите каронот на пациентот. За комуникацијата Mutualink ја користи специјално предвидената за итни случаи LTE мрежа на FirstNet, чиј развој се уште не е завршен. Таа треба да биде на располагање дури и во случај на катастрофа или несреќи, кога нормалната мрежи колабира поради преоптоварување. Системот на Mutualink предвидува да нема централна точка за надзор или еден сервис за складирање на собраните материјали. Овие модели не се сметаат за сигурни, па сите корисници сами ќе контролираат дали да ги споделат своите медиумски содржини, или не". Компанијата од Конектикат ги рекламираше "социјалните бенефиции" од користењето на Google Glass - концепт кој предизвикува и загриженост за зголемување на мониторингот. Во исто време, сепак камерите можат да служат и за да се исклучи можно несоодветно однесување од страна на полициските службеници, посочуваат од компанијата како во случаите кога се користат камери монтирани на шлемови. Така на пример во Њујорк овој месец на стотици полицајци беа наложено да носат камери, за да се даде  "објективна" оценка за нивната работа. Таква иницијатива има и во Сиетл, откако полицијата таму беше обвинета за користење прекумерна сила.