19 Мај, 2024
0.0322

Зошто менаџер од „Тиквеш“ одбра да купи акции место да вози лимузина?

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Тоа што член на Управниот одбор решил да докупи акции на „Тиквеш“ кои  пазарно вредат над 35.000, а не возило од висока класа веројатно ќе мотивира многу инвеститори во акции да вложат и акцијата на „Тиквеш“ да ја имаат во нивното портфолио

Член на Управниот одбор на најголемата винарска визба „Тиквеш“ Џон Кирил Јоновски за еден месец купил 439 акции со право на глас во компанијата во чие управување учествува, пишува во соопштението на „Тиквеш“ објавено на интернет страницата на Македонската берза. Според пазарната цена за овој период произлегува дека Јоновски вложил повеќе од 35.000 евра во акции на „Тиквеш“.
Оваа ценовна чувствителна информација која предизвика највисока – рекордна годишна пазарна цена на таа акција која се тргува насегментот берзанска котација на Официјалниот пазар на Македонската берза. Последната пазарна цена што ја постигна таа акција изнесува 5.156 денари и таа е највисока цена во период од 52 трговски седмици односно една календарска година наназад.

Пазарната цена на акцијата покажува дека инвеститорите на берзата ја конузирале оваа ценовно-чувствителна информација со позитивен карактер и заради тоа расте нејзината пазарна цена. Во овој период, според официјалните податоци на берзата, немало тргување со акцијата на „Тиквеш“ во блок трансакции, немало нетрговски трансфери со таа акција, а на Официјалниот пазар во режимот класично тргување биле истргувани вкупно 142 акции со право на глас.

„Тиквеш“, според официјалните јавно достапни финансиски податоци е компанија која во континуитет ја подобрува својата пазарна позиција во земјава и на странски пазари. Во „Тиквеш“ мнозински сопственик е скопската компанија „М-6“ која поседува 80,1 отсто од акциите со право на глас. Претседател на Управниот одбор на „Тиквеш“ е Светозар Јаневски, косопственик во „М-6“, а други членови на одборот се: Радош Вукиќевиќ, генерален директор, Мате Настески, Снежана Славкова, Љупчо Крстевски и Ангеле Чолески.

Како работи „Тиквеш“?

„Тиквеш“ е убедливо најголем продавач на македонско флаширано вино во земјава и во странство. Лани неговата продажба достигна 20 милиони евра и тоа се над 104.000 хектолитри вино флаширано вино. Во продажбата на „Тиквеш“ и речиси подеднакво важни се домашниот и странските пазари. На домашниот пазар компанијата продала 51.462 хектолитри и остварила приходи од 13,66 милиони евра од кои над 10 милиони евра се од продажба на флаширано вино. Продажбата на флаширани продукти на домашниот пазар бележи раст од 8 отсто во споредба со 2016 година.

Извезени се 60.844 хектолитри флаширано вино и од тоа се инкасирани 9,6 милиони евра и тука има раст на приходите од 19 отсто во однос на 2016 година за разлика од домашниот пазар на кој приходот пораснал за 8 отсто.

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија