18 Мај, 2024
0.0269

ЗОШТО МАКЕДОНЕЦОТ ПРЕФЕРИРА ДА ШТЕДИ ВО БАНКА - нов раст на депозитите на домаќинствата, надминаа 5,3 милијарди евра

Објавено во: Финансии 23 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Македонецот и натаму најмногу сака да штеди во банка. Другите опции за вложување на слободните средства по се изгледа дека за нашите граѓани се уште не се толку атрактивни, како добриот стар орочен банкарски депозит.

Тоа го покажуваат и најновите податоци на Народна банка на Македонија, кои се однесуваат на депозитите во февруари.

Тие говорат дека штедните влогови на домаќинствата во банките се искачиле на дури 5,3 милијарди евра, што во однос на еден месец претходно, односно јануари, значи зголемување за дури 46 милиони евра.

Тие 46 милиони евра се нови депозити кои граѓаните им ги дале на чување на домашните банки, без разлика на тоа што сега е време на криза и висока инфлација, па високите цени на речиси сите производи ги обезвреднуваат платите на најголемиот дел од граѓаните. Но, се уште има и такви кои наоѓаат начини да издвојат од своите месечни примања и да заштедат нешто, а најдоверливиот партнер тука и натаму продолжуваат да им бидат банките.

Податок кој радува во февруари е и фактот што депозитите во денари повторно се вратиле во банките, откако во јануари имало благ пад. Па така, во вториот во однос на првиот месец од годинава порастот на депозитите во денари изнесува дури 26 милиони евра, со што тие достигнале ниво од 2,524 милијарди евра.

Една од причините за враќање на денарите во банките се постојаните мерки кои ги презема монетарната власт за стимулација на штедењето во денари, но и постојаното зголемување на каматните стапки на овие депозити. Па така, според последниот податок, каматата на депозитите во денари е на ниво од 1,31 отсто, што во однос на последните шест месеци е пораст за 0,3 проценти поени. Ова прави штедните влогови во денари да се колку толку поатрактивни во однос на порано, иако е далеку од тоа дека носат добри заработки на нивните иматели. Довербата во домашната валута ја врати и цврстата и јасна определба на Народната банка дека денарот е стабилен, сузбивајќи ги на тој начин сите шпекулации што се појавуваа во таа насока.

Инаку, во банките се уште има повеќе депозити во странска валута, и тоа главно во евра. На крајот на феруари годинава, во странска валута во нашите банки се чуваат 2,778 милијарди евра, што е раст за 21 милиони евра во однос на еден месец претходно. Само малку недостига влоговите во денари да ги достигнат оние во евра, а во тоа секако би придонел фактот доколку продолжи да се зголемува каматната стапка на депозитите во денари, со оглед што и сега е пониска и многу понеатрактивна каматната стапка на штедните влогови во странска валута.  

Од најновите бројки на централната банка уште може да се издвои и фактот дека продолжува да расте станбеното кредитирање.

Само во февруари годинава биле доделени нови 10 милиони евра станбени кредити, со што тие на крајот на вториот месец достигнаа 1,249 милијарди евра.

Интересен податок што сега се чека во таа насока е да се види колку се зголемиле цените на становите во првиот квартал од годинава, и дали надминуваат по 20 проценти како што беше во последните два квартали од претходната година.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?