02 Мај, 2024
0.0256

Зошто каматата за долгот што го враќаме годинава порасна за пола милијарда денари?

Објавено во: Финансии 20 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Колкава може да биде развојната компонента на државниот буџет кога расходите за сервисирање на долгот годинава се само за нијанса помали од од сите капитални расходи? Одиме ли во посакуваниот правец или се наоѓаме во маѓепсан круг?

Годинава ќе платиме 22,6 милијарди денари за сервисирање на надворешниот и на внатрешниот долг. Истовремено со тоа за капитални расходи (училишта, патишта, болници, детски градинки и други проекти од општествен интерес) е планирано годинава да се потрошат 24,1 милијарди денари, покажуваат официјалните податоци од Граѓанскиот буџет за 2018 година документ што е достапен на следниот линк

На 1,5 денар главница ќе плаќаме денар камата

Годинава за сервисирање на кредитите ќе платиме 22,6 милијарди денари. Од тие пари планирано е главницата да биде 13,9 милијарди денари и 8,7 милијарди денари ќе бидат камати на долгот. Соодносот меѓу главницата и каматата е 1,59 денари главница наспрема 1 денар камата. Каматите се осма по обем ставка во тековните расходи на буџетот. Во споредба со 2017 година оваа година за камати на долгот ќе платиме половина милијарда денари повеќе! Лани за камати на долгот што се серивисирал биле платени 8,2 милијарди денари.

Што ќе финансираме од капитални проекти?

Најмногу пари се планира да се вложат во проекти од областа на комунална инфраструктура (водовод, канализација, пречистителни станици и гасовод) и тоа е во износ од 5,9 милијарди денари. За патишта и за железница проекцијата е 3,6 милијарди денари и таа е втора ставка по големина. За земјоделство и рурален развој се планирани 2,6 милијарди денари, а за образование, спорт и детска заштита 1,9 милијарди денари. За инвестиции во унапредување на одбрана, заштита, спасување, безбедност и јавен ред и мир се планирани 1,8 милијарди денари, за инвестиции во техонолошките развојни зони се планирани 0,4 милијарди денари, а за останати капитални инвестиции уште 4,3 милијарди денари. 

Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција