03 Мај, 2024
0.0268

Зошто Гувернерот забрза со презентирање на црното сценарио?

Објавено во: Економија, Колумни 09 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Во период на најголема политичка криза во Македонија, аболицираните направија се’ што можат, за да прикажат пресврт во растот и да се легитимираат како „успешни“. Во тоа им помагаа и „независни“ институции.  Особено агилен беше Гувернерот. Во прилог на „успешноста на политиките на власта“ постојано укажуваше на здравите фундаменти на монетарната политика и на зацементираноста на курсот на денарот. Одеднаш, истиот тој Гувернер на кого не му сметаше политичката криза во изминатите две години, пред неколку дена ја корегира  основната каматна стапка од 3,25% на 4%. Истиот тој Гувернер, и покрај основното сценарио  за растот од 3,5% годинава, сега искреира и ново во кое економскиот раст го намалува на 1,6% .  Притоа Богов, не најде за потребно ниту да објасни што се промени во политичката криза, за десеттина дена, за да се случи таков пресврт. Далеку од здравиот разум е да се поверува дека на Гувернерот не му се јасни показателите што аболицираните им ги продаваат на граѓаните како успешни економски политики (здрави фундаменти) во услови кога ништо не им е важно, освен спасувањето на нивната гола кожа. Затоа, неверојатно е ако смета дека „зацементираноста на финансискиот систем“ попушти само од интензивирањето на граѓанските протести против врхушката на власт. За воља на вистината, не ги оптужи директно, но остави впечаток  како тие да се виновни за преземањето на неговите мерки. Со тоа, без аргументи, политичката криза воопштено ја промовира во  алиби за сломот кој и без неа надоаѓаше. Само до пред некој ден машинерија на власта брмчеше со едностраното прикажување на успесите во вработувањето, во индустриското производство, во извозот, во кредитирањето. Свесно ги заобиколуваа податоците кои ја деформираа глобалната слика која укажуваше на трендовите кои фрлаат неповолна сенка врз можностите на идниот развој. Посебно се замижуваше пред влошувањето на степенот на задолженоста на државата и на состојбата во која целиот годишен пораст на БДП веќе оди  на отплата на ануитетските обврски  по основ на досегашните долгови. А, тоа значи дека граѓаните нема да имаат фајде од растот, ако тој не се подигне на повисоко ниво. Опаѓаат и странските директни инвестиции. Увозот бележи надолен тренд. Да не зборуваме за порастот на неликвидноста и за огромната меѓусебна задолженост на стопанските субјекти, вклучувајќи ја и државата, и тоа повеќе како должник. За ова дури и не може да се дојде до веродостојни информации. На секого му е јасно дека  „балонот“ пукна откако се интензивираа граѓанските протести, а претставници од меѓународната заедница отворено ставија до знаење  дека  владејачката партија мора да ги преиспита и да ги повлече  одлуките кои ги покренаа на бунт демократските сили во земјата. Гувернерот се направи дека тоа не го гледа. Не се охрабри да каже дека  власта е таа која предизвика ескалација на кризата  со неразумото однесување во надминувањето на двегодишната криза, со опструкциите во имплементирањето на пржинскиот договор. И дека таа е одговорна за црното сценарио. Со беспоштедните напори да ја избегнат правдата, за стореното и нестореното во вршењето на власта и за да се одржат на власт, тие заглибија во неуставност и незаконитости (невидени во светот) што ја предизвикаа целата прогресивна јавност да се спротивстави на евентуалната можност аболицирани за сомневања за извршени повеќе кривични дела повторно да се најдат на власт. Народот не може и не сака да се определува за таква можност. Знае дека заслужува подобро и нема да престане да бара  да се симне калта со која го испрскаа властодржците со последните случувања. Во горниот контекст индикативно е брзањето со презентирање на црното сценарио. Или Гувернерот знае дека  аболицираните ќе се потрудат разрешницата на кризата да ја насочат и кон „јадење корења“ за тие да се спасат, па кажа, за да не се рече дека не рекол.  Или конечено сфати дека, како и да заврши кризата, исцрпени се можностите на досегашната развојна стратегија (развој заснован врз странски долгови и потрошувачка), па кој и да биде на власт ќе се препелка во зоната на ниски стапки на раст. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски