18 Мај, 2024
0.0278

Зошто грчката економија останува во мочуриштето на рецесијата?

Објавено во: Балкан 21 Април, 2014

Добивај вести на Viber

По се изгледа дека воопшто кризата во Европа завршува. Премиите за ризик продолжуваат да паѓаат, а две држави - Ирска и Португалија - веќе излегоа од своите спасувачки програми. Сега тие веќе можат да се финансираат од пазарите, а изгледа дека и нивните економии повторно почнаа да растат. Но и покрај добрите резултати на овие две земји, Грција е таа која сеуште доживува тешкотии во постигнувањето на целите на спасувачката програма. Земјата повторно се соочува со навидум бескрајни преговори за доделување на уште еден мултилатерален финансиски пакет. Проблемот може да се сумира со еден збор: извоз (или наместо тоа недостатокот на раст во извозот). Во своја анализа, репродуцирана на сајтот Project Syndicate, директорот на Центарот за истражување на европските политики (Center for European Policy Studies, или CEPS) Даниел Грос се обидува да најде одговор на прашањето "Зошто грчката економија останува во мочуриштето на рецесијата?". Последните наслови во грчките медиуми гласат дека во 2013 година Владата поднела буџетски суфицит. За првпат грчките власти успеаја да ги покријат своите трошоци со сопствени средства. Тоа навистина е важен настан. Но друга поважна вест доби помалку внимание - извозот на Грција во 2013 година бил помал од оној во 2012 година. Тие разочарувачки перформанси, тешко може да се објаснат, имајќи в предвид дека сите земји на периферијата на еврозоната постигнаа солиден раст во извозот. На пример, во последните неколку години извозот на Португалија се забрза со 5 до 6% годишно, и покрај предизвикот од  надворешните услови. Оттука - ниту слабата надворешна побарувачка, ниту недостаток на финансирање можат да бидат причините за слабите резултати на Грција во однос на извозот. Ниската конкурентност исто така не дава објаснување, откако во последните години реалните плати во Грција се намалија  најмногу од која и да е друга земја-членка на еврозоната, со исклучок на Ирска. Но ќе биде чудно, ако направиме заклучоци  врз  база на обидите на Грција дека дефлација на платите е бескорисна алатка за подобрување на конкурентноста, имајќи го впредвид широко распространетото верување дека Германија има корист најмногу од тоа. Затоа единственото објаснување за слабите резултати на Грција во однос на извозот можеби е дека економијата на земјата остана искривена и не реагира на променливите ценовни сигнали. Овој недостаток на капацитет за адаптација е од клучно значење. Во Ирска, Шпанија и дури во Португалија извозот се зголеми силно кога економиите им се распадна, а платите се приспособија кон условите. Но овие земји веќе се пофлексибилни, а во некои случаи - започнаа храбри реформи. Во Грција нема докази дека мноштвото структурни реформи наметнати од тројката кредитори (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд), доведоа до реално подобрување на локално ниво. Напротив, многу од показателите за ефикасноста на работата на владата и на пазарот на трудот всушност се влошија. Површинскиот аргумент   дека Грција нема што да извезува, е неприфатлив. Проблемот не е дека грчкиот извоз е слаб, туку дека тој не успеа да се забрза, што од друга страна би било можно, имајќи го во  предвид нискиот старт, од кој тргнува. Пред неколку години извозот на грчки стоки и услуги беше еднаков на португалскиот. Денес Португалија напредува со речиси 20 милијарди евра. За Грција тоа претставува потенцијална загуба во износ од 10% од нејзиното производството. На овој начин недостатокот на раст на извозот ја продолжи и продлабочи рецесијата во Грција.  Ако грчкиот извоз имаше раст со истото темпо,  како португалскиот (или шпанскиот), рецесијата веќе требаше да биде завршена. Недостатокот на раст на извозот го направи фискалното приспособување многу потешко. Сега Грција има балансирана тековна сметка - солидно достигнување по двоцифрен дефицит (како процент од бруто домашниот производ), снимен пред неколку години. Но за разлика од другите економии во периферијата на еврозоната, подобрувањето беше постигнато целосно преку намалување на увозот. Навистина важната цел за секоја земја, која започнува програма за приспособување со двоцифрен дефицит на тековната сметка, треба да биде постигнување на раст на извозот. Неисполнување на оваа цел е причината поради која Грција страда. За жал надворешниот свет може да направи многу малку за да гарантира дека Грција ќе извезува повеќе. Владата може да биде принудена да прифати голем број правилници, владејачките структури можат да бидат притиснати да ги прифатат сите закони за реформи,  но во крајна линија се зависи од тоа како всушност се применуваат реформите и како реагира економијата, што е од поголемо значење. Програмата за приспособување е да успее  да ја постигне својата цел на локално ниво, а не во Брисел или во Вашингтон. K.K.

Можеби ќе ве интересира

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?