Зошто Google, Facebook, Amazon и Netflix ќе исчезнат?
Објавено во: Економија 13 Септември, 2017
Интернет гигантите Google, Facebook, Amazon и Netflix без оглед што сега апсолутно доминираат на пазарот со своите иновативни производи и услуги еден ден ќе исчезнат и на нивно место ќе дојдат нови креативни компании кои ќе креираат нови пазари и ќе задоволат потреби на корисниците на начин на кој и самите тие не се свесни.
Во бизнисот постојат циклуси кои постојано се менуваат, една индустрија е сосема очекувано да помине низ фази на подем, доминација и за жал распаѓање. Според бизнис професорот на Харвард Клејтон Кристенсен станува збор за феноменот наречен „дилемата на иноваторот“.
Според него многу е потешко да се креира нешто ново и атрактивно во рамките на една голема компанија каде тековните активности и поставените цели се многу поважни, а така е и со Amazon кој за нови услуги мора да презема надворешни компании.
Слично е и со Google, степенот на иновации квантитативно е драстично зголемен последните години, но ретко кој нов производ се наметна на пазарот и предизвика интерес кај корисниците.
Facebook има надежи дека ќе се трансформира од социјална мрежа во сеопфатен интернет сервис обезбедувајќи ги сите потреби на корисниците, но сличен потфат имаше и Yahoo кој сега полека пропаѓа.
Netflix е најтазе стартап во ова друштво воведувајќи нов начин на кој ја конзумираме телевизијата преку стриминг на видео содржини и вложувајќи десетици милијарди долари во креирање на сопствена програма која се натпреварува со традиционалните ТВ мрежи.
Х.С.