Зошто ЕЦБ не ја вклучува Грција на пазарот на долг?
Објавено во: Балкан 13 Јуни, 2017
Европската централна банка веројатно нема да ги вклучи грчките обврзници во својата програма на купување активи во блиска иднина, пишува Блумберг.
Агенцијата се повикува на изјава на неименувани лица запознаени со материјата.
Цитирајќи ист извор, њујоршката агенција наведува дека европските доверители не се подготвени да и понудат на Грција значајно полесни услови за отплата на кредити од спасувачкиот пакет за да се подобрат изгледите околу долгот на таа земја.
Министрите за финансии на еврозоната ќе се состанат на 15 јуни во Луксембург за да ги разгледаат мерките за ублажување на долгот на Атина, што е, како што велат од ЕЦБ, неопходно пред да го разгледаат купувањето на грчките обврзници.
Се очекува дека еврогрупата ќе ја заврши ревизијата на спасувачката програма, што би овозможило исплата на најмалку 7,4 милијарди евра помош за Грција, која и е потреба за отплата на ратата од долгот кој доспева во јули.
Договорот меѓу европските министри за финансии веројатно ќе овозможи ММФ-чие учество во програмата за спасување на Грција е барање на многу држави-начелно обрски на условни кредити.
Сепак, како се додава, обемот и формулацијата на обврски за ублажување на долгот веројатно нема да го убеди Управниот совет на ЕЦБ да тргне со купување на грчки обврзници.