19 Мај, 2024
0.0456

Зошто Дедо Мраз е непожелен во градинките во Сараево и во други градови во БиХ?

Објавено во: Балкан 30 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Дедо Мраз е непожелен во неколку градинки во Сараево и во други градови во Босна и Херцеговина. 

Медиумите во БиХ информираат дека и годинава има родители што се противат на „пристигнувањето“ на Дедо Мраз и не дозволуваат нивните деца да примат новогодишни пакетчиња. Сепак, вработениот персонал во градинките се обидува да понуди најубава прослава за Нова година.  Детските новогодишни претстави ќе бидат организирани во градинките во кантонот Сараево, во согласност со договорот со родителите, и затоа годинава Дедо Мраз нема да пристигне во неколку сараевски градинки, пишува „Бука“.

Пред седум години, Исламската заедница на БиХ објави  дека Дедо Мраз не е познат и признаен во исламската традиција на Бошњаците и токму на децата од оваа етничка заедница овој христијански симбол се обидува да им се наметне како неутрален лик. Во 2008 година во Сараево припадниците на Социјалдемократската партија на БиХ организираа протести против тоа Дедо Мраз да може да дели новогодишни подароци во сараевските градинки. 

Меѓународниот известувач за БиХ, Карл Билт, во 1996 година во Сараево ги повика припадниците на сите три народи да не го гледаат Дедо Мраз како верски симбол. Неговата порака беше дека овој лик од бајките не би требало да биде симбол на која било религија, туку дека тој е традиција во БиХ и знак на добра волја и пријателство. 

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел