18 Мај, 2024
0.0289

Зошто американските пазари се преценети?

Објавено во: Свет 22 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Инвеститорите , кои се прашуваат зошто државните аналитичари се попесимистички од една деценија , треба да ги погледнат изјавите на извршните директори на јавните претпријатија во врска со очекуваната добивка , за да си дадат одговор на ова прашање. Наспроти секоја компанија која предвиде дека во јануари нејзиниот профитот ќе ги надмине просечните очекувања на аналитичарите , стојат по 2,5 компании кои очекуваат резултатите да им бидат малку под просекот од очекувањата. Тоа е најлошоиот сооднос од март 2009 година, покажуваат податоците на Bloomberg. Според аналитичарите, профитот на поширокиот индекс Standard & Poor's 500 ќе се зголеми со 8,8 % оваа година, односно речиси исто толку колку што беа предвидувањата за минатата година. Во 2013 година, сепак, растот изнесува речиси половина на прогнозираниот . Падот во растот на добивката беше главен фактор во позицијата на голем број аналитичари - од Дејвид Бјанка од Deutsche Bank до Бари Кнап од Barclays, кои прогнозираа слаб раст на американскиот пазар оваа година. Минатата година, и покрај забавувањето на растот на профитот на најниско ниво од 2008 година, широкиот американски индекс додаде 30 % на својата вредност. Нискиот профит од почетокот на годината на компании како Best Buy Co., Lululemon Athletica Inc . и Bed Bath & Beyond иницира сериозни намалувања во акциите на овие компании. „Многу аналитичари очекуваа слаби продажби за време на божикните празници и зачувување на слабоста во наредните месеци" , коментира Тим Харц , аналитичар во Sequent Asset Management . „Ако растот на добивката се забави, тогаш финансиските проценки ќе се зголемат значително", додава аналитичарот, пренесува Bloomberg . Меѓу 52 -те компании од индексот S & P 500 , отчитувајќи ги своите резултати до моментов, едвај 62% ги надминаа прогнозите на аналитичарите, во споредба со 75 % во изминатото тримесечје. Растот на профитот е забавен до просек 4,1 % во 2013 година , во споредба со 20% во последните три години.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата