01 Мај, 2024
0.0285

Знаете ли каде се наоѓа најзагадената улица на светот?

Објавено во: Стил 19 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Во една европска престолнина се наоѓа улицата со најголемо ниво на токсини во светот...

Лондонската шопинг зона има највисоко ниво на токсичен азот-диоксид!

Како што пренесува Indenpendent, мониторите кои ги поставиле научниците во улицата Оксфорд, покажале дека количината на загадување достигнала врв на околу 463 микрограма по кубен метар, додека просечната количина загадувачка материја од почетокот на годината била околу 135 - три пати од онаа што ја дозволува ЕУ. Научникот Девјид Карсло рекол дека концентарцијата на азот-диоксид во таа улица е најголема на светот.

Автобусите и такси возилата се најголеми виновници за ваквата состојба!

Поради ваквата состојба трговците го повикуваат градоначалникот на Лондон Борис Џонсон да ја растерети улицата од многубројните автобуси и сообраќајни гужви. Градската куќа соопштила дека веќе е намален бројот на автобуси во познатата Оксфорд улица и тоа за петтина.

Оксфорд улицата е една од најпрометните во Европа. Иако загадена, претставува рај за љубителите на шопингот од цел свет.