04 Мај, 2024
0.0261

Знаете ли дека здодевноста на работното место ве „убива‘‘

Објавено во: Стил 13 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Иако ,често ,кога се зборува за работа, се зборува за преоптеретеност , здодевноста претставува голем проблем кој може да предизвика фрустрација и депресија , а истражувањата покажаа дека  на еден од четворица работници му е здодевно на работното место. Здодевноста на работното место, според истражувањата предизвикува губење на концентрацијата, ја убива ефикасноста , но и ја сметаат како вистинска болест која не е ништо помалку опасна од феноменот на преоптеретеност. Постојат работници кои во текот на целиот ден ја  стимулираат работата, остануваат повеќе на работа, а всушност не работат ништо, бидејќи виделе дека формата во многу компании е поважна од суштината. Најалармантно е тоа што во одредени компании повеќе се ценат часовите поминати на работа ,отколку сработеното. Авторот на книгата „Тие се навистина поспани‘‘ Петер Вердер навел дека открил дека 15 % од вработените само во една компанија патат од здодевност. Здодевноста најчесто се случува затоа што вработените нема што да работат, или пак обемот на работа е зголемен. Истражувачот Синди Ман верува дека се помалку се луѓето спремни да се борат со здодевноста ,очекувајки дека секој аспект од животот ќе им биде исполнет. Таквиот став не бил чест кај постарите генерации кои имале попрактичен пристап во животот. Ман, индентификувала пет начни  на кои, вработените кои се досадуваат, можат да им наштетат на другите како: злоставување , намерно не завршување на задачите, саботажа, крадење и повлекување.