18 Мај, 2024
0.0355

Знаат ли идните пензионери дека државата им должи една милијарда евра?

Објавено во: Економија 23 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Домашните деловни банки и трите приватни задолжителни пензиски фондови на државата и позајмиле 1,84 милијарди евра,  а тоа е 80 отсто од целиот јавен долг на домашниот пазарОд вкупните нето средства што ги имаат трите приватни задолжителни пензиски фондови („Сава“, „Триглав“ и „КБ Пензиско“) кои на крај на 2022 година изнесуваат 1,846 милијарди евра 55 отсто се дадени на заем на државата. А за што се потрошиле тие пари и дали тие државни трошења го подобриле стандардот на граѓаните е друга, засебна и „морска тема“...

Приватните задолжителни пензиски фондови и банките се најголеми кредитори на државните трошења, покажуваат најновите официјални податоци за јавниот долг достапни на веб страницата на Министерството за финансии. Вкупно на домашниот пазар кај свои кредитори државата преку записи и обврзници должи 2,285 милијарди евра.

Дури една милијарда евра пари на идните пензионери се заѕидани во јавниот долг поточно во државни записи и обврзници издадени од Министерството за финансии, покажуваат податоците достапни на овој линк кој води до базата на Министерството за финансии.

Веднаш зад приватните пензиски фондови се домашните деловни банки. Тие на државата и позајмиле односно и купиле записи и обврзници вредни 837,32 милиони евра. Повеќе од сигурно е дека најголем дел од овие пари пласирани во записи и обврзници издадени од државата се штедни влогови и депозити на граѓани, а во помала мерка и на домашни правни лица.

Далеку помали кредитори на државата се домашните осигурителни компании меѓу кои секако дека најистакнати се осигурителните друштва за осигурување живот. Според официјалната евиденција на Министерството за финансии осигурителната индустрија на државата и позајмила 175,7 милиони евра.

Сите останати пазарни субјекти (според терминологијата на Министерството за финансии) на државата и купиле записи и обврзници вредни 261,6 милиони евра.

Во тие што купувале државни обврзници има и граѓани т.е. физички лица со вкупно 50.000 евра, а државата зајмела и од штедилници во вкупен износ од 500.000 евра.

Каква е структурата на долгот?

Од достапните податоци се гледа дека во структурата за доспевање на долгот за враќање доминираат 15 годишните обврзници со 1,07 милијарди евра што е речиси половина од целиот државен долг на домашниот кредитен пазар.

Втора ставка во структурата е краткорочното задолжување изразено во записи кои се враќаат на период од една година. Нивната вредност е 571 милиони евра. Следува тригодишната државна обврзница која во вкупниот домашен долг учествува со 200,5 милиони евра и 10 годишната обврзница со 191,3 милиони евра.

Кредиторите во толкава мерка и веруваат на државата што вложиле 161,6 милиони евра во 30 годишна обврзница. 

(овој текст е придонес на редакцијата „Фактор.мк“ кон Глобалната недела на парите фокусирана на подобрување на финансиската писменост на населението)

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра