„Златни песоци“ ќе тргува со струја во Македонија
Објавено во: Економија 25 Јули, 2018
Бугарскиот хотелски ресорт „Златни песоци“ соопшти дека планира да отвори подружница во Македонија за тргување со електрична енергија. ESP Zlatni Pyasatsi Trading на берзата објави дека основачкиот влог изнесува 5.000 евра.
„Златни песоци“ во околината на Варна поседува 70-тина хотели, шумски парк, пристаниште за јахти и други придружни објекти.