28 Април, 2024
0.0278

ЗЛАТНА ТРЕСКА ЈА ТРЕСЕ ПЛАНЕТАТА! Во светот останаа само четвртина златни резерви

Објавено во: Економија, Финансии, Свет 15 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Податоците од Светскиот совет за злато откриваат дека досега на планетата се ископани околу 210.000 тони злато, а само една четвртина од него останува скриено под земја. Се проценува дека 700 тони од тоа количество се скриени во рудници. Компаниите ширум светот постојано бараат нови резерви, а голем број од нив бараат „златна вена“ во рудниците.

- Златото најчесто се наоѓа во асоцијација со бакар, а експлоатација на руда, од која меѓу другото се добива злато, ја вршат три компании - велат експертите.

Сè помалку злато на планетата

Според Георги Христов од инвестициската компанија за злато „Tavex Gold & Silver“, сегашните светски резерви на злато, кои се пронајдени, но се уште не ископани, изнесуваат 55.000 тони. Темпото на производство на жолтиот метал е околу 3.000 тони по година, така што, доколку не откриеме нови резерви, целото злато во светот ќе биде ископано за околу две децении.

- Тешко дека нема да ги најдеме некаде во светот, но овој факт ни покажува колку е всушност ретко златото и колку се дефицитарни неговите резерви. Дури и кога би била направена коцка од целото злато во оптек, таа би имала страни од само 22 метри. Од година во година цената на жолтиот метал на светската берза се зголемува и во февруари достигна 2.040 долари за унца, што е за 11 отсто повеќе од пред една година - објаснува Христов.

Како што врли тој вкупната побарувачка на злато изминативе пет години постојано расте без престан.

- Според податоците на Светскиот совет за злато, таа побарувачка лани изнесувала околу 4.900 тони, што е за околу осум отсто повеќе од претходната година. Покрај тоа, побарувачката се зголеми од централните банки ширум светот, кои купија близу 2.000 тони благороден метал во последните две години- објаснува Христов.

Кинескиот светски рекордер професор Јеленковиќ вели дека значително големи минерални суровини на злато и поголем обем на производство доаѓаат од наоѓалишта и рудници кои се наоѓаат на територијата на Турција, Бугарија, Финска, Шведска... Од наоѓалиштата на злато на Турција во 2020 година се произведени околу 38 тони злато, бугарските 10 тони, Финска 13,5 тони, Шведска 8,1 тони…

Георги Христов додава дека најголем светски производител на злато е Кина, која произведува околу 330 тони годишно. Зад нив се Австралија и Русија, и двете произведуваат околу 320 тони годишно. Потоа Канада со околу 220 тони и потоа Америка која произведува околу 170 тони годишно.

- Од вкупното количество злато во оптек во светот, околу 96.000 тони е во вид на накит, околу 47.000 тони злато се чуваат како инвестициско злато, централните банки чуваат околу 36.000 тони злато во своите трезори, а останатите 30.000 тони се користат за индустриски, медицински и други цели - заклучува Христов.


Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка