01 Ноември, 2024
0.0513

ЖИВОТ ЗНАЧИ, АМА ЈА РАСФРЛАМЕ КАКО ЃУБРЕ – во дел од регионите во земјата загубите на вода надминуваат 70 отсто

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Продолжува трендот на неискористување на водите во Македонија. Податоците покажуваат дека во земјава се губат над 60 проценти од водите, наспроти нивното значење.

Во последниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, се потенцира дека „неприходуваната вода станува сè поважна во аспект на заштита на природните ресурси, а претпријатијата се соочуваат со големи загуби на водата“.

Според нивниот годишен изветшај, процентот на неприходувана вода во 2023 година се движи помеѓу 7 отсто и 87 проценти, во зависност од давателот на водната услуга. Во согласност со последните достапни податоци, процентот на неприходувана вода во 2023 година на ниво на Република Македонија изнесува 62,29 отсто.

-  Овој проблем директно влијае врз капацитетот на давателите на водните услуги за финансирање на нови услуги, спроведување на соодветно одржување, како и инвестирање во нови технологии – наведуваат од регулаторното тело.

Во споредба со претходната година, количината на вода на влез во системите за водоснабдување бележи зголемување за 14,74 проценти, додека процентот на фактурирана вода е намален за 15,12 отсто во споредба со претходната година.

Нивото на неприходувана вода кај давателите на водни услуги за 2023 година врз основа на последните достапни податоци, во однос на 2022 година е намалено за 0,13 отсто.

Бројките откриваат дека убедливо најголем „загубар“ на вода е Југозападниот регион, каде загубите на вода достигнуваат високи 72,91 процент. Веднаш зад него е Полошкиот регион каде загубите достигнуваат 70,16 отсто. Меѓу топ трите региони со најголеми загуби е Источниот регион со 64,90 отсто загуби.

Потоа следува Скопскиот регион со 60,46 роценти, па Пелагонискиот со 60,19 отсто.

Во подобрите три региони се Североисточниот со 58,63 проценти, па Вардарскиот со 53,98 отсто и на крај Југоисточен регион со 50,73 отсто загуби на вода.

-  Продолжуваме да ја водиме војната со загубата на вода која и минатата година изнесува 62,29 проценти. Крајно време е да ни се дозволи во целост да ја преземеме надлежноста за регулирање на цена на вода, затоа што не е така далеку кога наместо вода од чешма, ќе купуваме флаширана вода. Неодговорноста во управувањето со водните ресурси и носење на популистички одлуки не доведе да од извор до чаша се губат две третини питка вода – напиша претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски во годинешниот извештај.

Меѓу другото е посочено дека во земјава просечната потрошувачка на вода за домаќинствата и во 2023 година останува еден од клучните параметри во работата на давателите на водни услуги и истата се движи просечно помеѓу 6,14 и 23,42 m³/домаќинство/месец, во зависност од давателот на водната услуга. Во согласност со последните достапни податоци, просечната потрошувачка на вода во 2023 година на ниво на Република Северна Македонија изнесува 12,25 m³/домаќинство/месец. 

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа седница за пратенички прашања, опозицијата и власта си разменија остри зборови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа седница за пратенички прашања, опозицијата и власта си разменија остри зборови

ПИСОНЕРО: Сите политички сили во Македонија да се обединат за да се спроведат уставните измени

ПИСОНЕРО: Сите политички сили во Македонија да се обединат за да се спроведат уставните измени

АДВОКАТИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ТВРДАТ: Христијан Пендиков не бил тепан зашто се чувствува како Бугарин

АДВОКАТИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ТВРДАТ: Христијан Пендиков не бил тепан зашто се чувствува како Бугарин

ТОШКОВСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Вие 300 пати ми побаравте оставка

ТОШКОВСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Вие 300 пати ми побаравте оставка

АПАСИЕВ ПРАША ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ПАЛЕСТИНА: Mицкоски повика на мир во Газа, Украина и секаде во светот

АПАСИЕВ ПРАША ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ПАЛЕСТИНА: Mицкоски повика на мир во Газа, Украина и секаде во светот

„ПАДНА“ ОДЛУКА: Уставниот суд ја поништи одредбата за верски обреди во армијата

„ПАДНА“ ОДЛУКА: Уставниот суд ја поништи одредбата за верски обреди во армијата

ГРАЃАНИТЕ ДОБИВАЛЕ ПОРАКИ ДЕКА СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРАВНИ ПОСТАПКИ: Измами во име на МВР, внимавајте

ГРАЃАНИТЕ ДОБИВАЛЕ ПОРАКИ ДЕКА СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРАВНИ ПОСТАПКИ: Измами во име на МВР, внимавајте

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе град во западниот дел

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе град во западниот дел

(ФОТО) СЕДЕШЕ ВО ДРУШТВО НА ЖЕНА: Груевски e фотографиран во јапонски ресторан во Будимпешта

(ФОТО) СЕДЕШЕ ВО ДРУШТВО НА ЖЕНА: Груевски e фотографиран во јапонски ресторан во Будимпешта