17 Мај, 2024
0.0374

ЖИВОТ ВО БЕЛОРУСИЈА: Нема невработени, плата 650 долари, а животниот стандард највисок во екс СССР

Објавено во: Финансии 27 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

До распадот на поранешниот Советски Сојуз во 1991. Белорусија била една од индустриските најразвиени членки.

Рeпублика Белорусија

Белорускиот парламент на 27 јули на 1990 година прогласил суверенитет, а по распадот на Советски сојуз и 25 август на 1991 годинa и независност на Белорусија.

Александар Лукашенко е претседател на државата од 1994 година. Многу западни влади и невладини организации ја критикуваат власта во Белорусија поради наводните „репресалии спрема претставници на опозицијата и лажираните избори“. Од 2020 година Белорусија има со Русија потпишан договор за специјални визи со индиции кон создавање на Сојуз Русија и Белорусија.

Белорусија е член на Заедницата независни држави, организација на договорот за заедничката безбедност, Евроазиската економска унија и партнер во дијалогот во Шангајската организација за соработка. Поголем дел од населението на Белорусија живее во урбани подрачја во и околу големите градови (центри на административни дивизии кои се викаат области). Преку 80% од популацијата се етнички Белоруси, а најбројни малцински заедници се Русите, Полјаците и Украинците. Службените јазици се белоруски и руски (уште од референдумот во 1955). Во конфесионален поглед повеќето жители се православни, припадници на Белоруската православна црква која е под јурисдикција на Руската православна црква, додека на западот на земјата постојат помали заедници на католиците.

До распадот на екс Советскиот сојуз во 1991 година, Белорусија била една од индустриски најразвиените членки. По стекнувањето на независност, речиси сите екs советски републики паднале во економски потешкотии. Наместо пазарен капитализам Белорусија вовела пазарен социјализам, државно уредување во кое владата го контролира движењето на цените и степенот на инфлација и има право да се меша во работата на приватните претпријатија (пазарот е либерализаиран дури во 2008 година со цел интензивно привлекување на странски инвестиции. Тие мерки на белоруската влада, но и Унијата со Русија, и помогнале на Белорусија економски доста безболно да ја преживее таа почетна фаза на транзиција.

Економија

Благодарение на сојузот со Русија, Белорусија има огромен извозен пазар за своите производи, а главните енергенти (нафта и гас) се достапни по ниски цени во однос на цената која ја плаќаат членките на ЕУ. Сето тоа довело до економски раст во текот на 90-тите години на 20 век. Во извештајот на ОН за економијата во светот во 2006, Белорусија е означена како брзорастечка економија: раст на БДП во 2004 изнесувал 11% што значи била на второ место, а во 2005 растот изнесувал 8,5%.

Врз основа на тие показатели Белорусија забележала поголем раст од соседните земји членки на ЕУ (Полска, Литванија и Летонија). Растот во 2010 изнесувал околу 6,1%. Големиот проблем, инфлацијата (која по некои показатели во 1999 изнесувала 300%) е намалена на 6,6% во 2006 година. Меѓутоа, во 2011 инфлацијата повторно доживеала голем скок, и во првите 6 месеци изнесувала 36,2% (во однос на 9,9% од 2010).

Од поранешните заеднички држави Белорусија наследила изразито развиена и силна индустриска и економска основа, како и многу образован експертски кадар. Животниот стандард бил меѓу највисоките на подрачјето на екс СССР. По независноста, и понатаму е задржан стариот советски систем, а приватизација на државниот капитал речиси и да немало (околу 80% индустрии, вклучувајќи и најголеми комбинати, останале во сопственост на државата). Претпријатијата во државна сопственост сочинуваат околу 75% од целокупната вредност на националниот БДП.

Белорусија развива модел на модерен социјализам, покажува драматични добивки во невработеноста (речиси и да ја нема), минимален животен стандард (почетна плата е 650 долари) и научен напредок (Белорусија има најголемо производство на трактори и искористеност во земјоделското земјиште во светот)

Економски ресурси

Најважно природно богатство е тресет кој се користи како гориво, како ѓубриво и во хемиската индустрија. Економски се исплатливи и залихите на камен и калиумова сол. Резервите на нафта и природен гас се многу скромни, така да повеќето енергенти се увезуваат од Русија (нафтени полиња во Полесју задоволуваат само 30% од домашните потреби) . Постојат и значајни залихи на нафтени шкрилци, проценети на околу 8,8 милијарди тони. Најважните рафинерии на нафта и гас се наоѓаат во Новополаска и Гомелју (50% готови производи се извезуваат).

Развиена е индустријата на трактори и други земјоделски и градежни машини, потоа хемиската , текстилната и дрвопреработувачката индустрија. Главни земјоделски производи се компир, лен, шеќерна репка, 'рж и пченица додека во сточарството доминира млечно и месно говедарство, свињарство и одгледување на пилиња. Главни надворешни трговски партнери се Русија, Полска, Украина и Германија.

Белорусија -„диктатура“-се што ви е потребно е достапно

Граѓаните на Белорусија , 27 години по распадот на Советскиот сојуз , по мислењето на некои луѓе од Западот и понатаму живеат во „диктаторски режим со малку слобода и плати од 200 долари месечно“. Веќе при доаѓањето станува јасно дека ова е гнасна лага на западните сили.

Точно е дека постои силна контрола на државните граници. Имено, на границата шест часа чекаат и странци и домашни туристи, а се преминуваат три круга на иста контрола пасоши и багаж за нешто случајно да не се пропушти. Самиот град остава впечаток дека со социјализмот и диктатурата е одамна завршено. Неколку големи трговски центри, голем број кафе барови упатуваат на тоа дека Белорусија се трансформирала, но во неа нема голем број западни стоковни марки кои може да се купат многу ограничено.

Она што им е потребно на луѓето му е достапно на секој. Познати брендови цигари чинат во противредност 60 денари, литар дизел нешто повеќе од 34 денари, а издвојувањата за комуналии се дупло помали откај нас. Железна дисциплина се гледа на секој чекор. На широките булевари не може да се види ниту една мастика за џвакање, улица никој не преминува на црвено и ако нема автомобили, а од пред две години никој не смее да пие алкохол надвор од угостителските објекти. Иако диктатурата не е заборавена, комунизмот дефинитвно е. Секој кварт има црква со нов датум, градена во руски стил со златен кров кој изгледа импозантно.

Главниот град на Белорусија отишол неколку чекори понапред од она што се зборува, или што се напише од туристите.Отишол и километри понатаму во својата свест за тоа дека поубаво е да се живее и работи во околина и менталитет кој покажува дека може поинаку. Едно евро вреди околу 17 600 белоруски рубљи. Еспересо може да се пие за едно евро колку што чини и некој од газираните пијалоци. За пиво две или три евра. Автобуси, тролејбуси и метро се прецизи на -токиско ниво.

Македонците без виза може да патуваат во оваа земја

Белорускиот претседател Александар Лукашенко на почетокот на јануари потпиша декрет со кој се воспоставува  безвизен влез и излез на странски државјани на 80 земји, меѓу кои и Македонија, за престој не подолг од пет дена, соопштуваат од белоруското министерство за надворешни работи.

Во документот се утврдува безвизен влез за Белорусија за период не подолг од пет дена, преку граничниот премин на националниот аеродром во Минск. Декретот се однесува на 39 земји во Европа, вклучувајќи ја и целата Европската унија, како и Бразил, Индонезија, САД, Јапонија и други земји.

Документот е во насока на подобрување на условите за бизнис патниците, туристите и лицата со редовен пасош, и тој ќе стапи на сила еден месец по неговотo објавување, додаваат од белоруското МНР.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!