15 Мај, 2024
0.0306

ЖИВКО МИТРЕВСКИ НЕ СЕ ВРАЌА КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ -тврди Синдикатот

Објавено во: Македонија 24 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Остра реакција стигна од Синдикатот, откако нивниот поранешен претседател, Живко Митревски, објави дека повторно се враќа на таа функција.

„Како „истакнат“ правник, наместо да се фали со првата страна од Пресудата на Управниот суд и Пресудата  на Вишиот Управен суд, требало истите да ги прочита до крај и да прочита дека никаде не пишува дека Живко Митревски се враќа како Претседател на ССМ, туку пишува дека „тужениот орган при повторното постапување треба да ги има во предвид целосно да утврди дали се исполнети зкаонските услови за упис на промена во надлежниот регистар, односно да утврди дали постапката по кривичниот предмет КО3 бр.583/2016 која во конкретниот случај претставува претходно прашање, е правосилно завршена, а доколку истата не е правосилно завршена да донесе одлука за прекин на постапката за упис на промена, се до нејзиното правосилно завршување“, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Тие Митревски го нарекуваат манипулатор и велат дека добро знае дека, со оглед на тоа што е подносител на Кривична пријава, а треба да ги информира и јавноста и лицата со него на пресот, дека со Решение КОЖ бр.28/20 од Вишото Јавно обвинителство Скопје со кое се потврдува Решението на Основното јавно обвинителство Скопје КО3 бр.583/16 од 18.12.2019 година е отфрлена Кривичната пријава поднесена од Живко Митревски од Битола, и се потврдува дека во тој период, Дарко Димовски е легитимно избран за вршител на должноста Претседател на ССМ. 

Согласно напатствијата во Пресудите со кои се фали, предходното прашање е правосилно завршено со отфрлање на Кривичната пријава поднесена од Митревски и согласно Закон, нема никаков основ тогаш поднесената Жалба од Митревски по Решението од Второстепената комисија, ниту пак влијание Пресудата со која истиот се фали со оглед на тоа што сите Законски пречки кои би можеле да влијаат на постапката се правосилно завршени во корист на ССМ и Дарко Димовски како Претседател. 

Претседател на ССМ не се станува со желба или со пресуда на Управниот суд која никако не влијае на работењето на Сојузот на синдикатите на Македонија, туку на Конгрес со избор од страна на Делегати избрани од синдикатите здружени во ССМ.

Од разрешувањето на Живко Митревски, Сојузот на синдикатите на Македонија одржа два Конгреси, Вонреден во декември 2017 година и редовен 20 Конгрес на 3 јули 2020 година на кој за претседател на ССМ е избран Дарко Димовски, а на кој Митревски немаше храброст ниту да се појави меѓу членовите на синдикатите и Делегатите на Конгресите, што доволно говори за фактот каков полтрон и  Претседател на ССМ бил во изминатите години. 

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски