02 Мај, 2024
0.0258

Зимбабве-земјата каде биткоинот вреди двојно повеќе

Објавено во: Финансии 15 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

И додека Зимбабве се соочува со „пуч“, биткоинот се радува на вредноста која таму криптовалутата ја има двојно повеќе.

Ако некој мисли дека цената на биткоинот во текот на оваа година силно скокнала , треба да ги погледне податоците од Зимбабве чии жители во таа криптовалута гледаат единствен спас од финансискиот колапс во земјата.

Според податоци на Ројтерс биткоинот минатата недела достигнал рекордна цена од 7888 долари со што вредноста му скокнала седум пати од почетокот на годината. Меѓутоа, на Golixu, биткоин берзата во главниот град на Зимбабве - Хараре, сопственикот на еден биткоин може да добие дури 13 900 долари, 40 пати повеќе од самиот старт на годинава.

Единствен начин на заштита

„Само што ја променив сета своја заштеда во биткоин бидејќи тоа е единствен начин на заштита на инвестициите“, изјавил за Ројтерс Арнолд Манхизва (34) вработен во телекомуникациска компанија во Хараре. Имено, иако се почесто се слушаат предупредувања како биткоинот е балон кој само што не пукнал, урнатините на финансискиот систем кои зад себе ги остави владата на Роберт Мугабе ги принудуваат граѓаните на таа афричка држава на ризик.

Владата во 2009 година поради хиперинфлација го напуштила зимбабвскиот долар и вовела пресметка на сите цени и трансакции во американски долар. Тоа довело до краткотрајна стабилност на финансискиот состав, но потоа „данокот“ си го земала американската валута. Имено, за да сопствениците на банкарските сметки добијат готовина, мора да платат повеќе. На пример, уште во јануари, за 100 долари во готовина требало да се платат 120 долати, а сега „девизниот курс“ се зголемил на 180 долари.

Иако властите тврдат дека стапката на инфлација не преминува 0,4 отсто, дел од економистите веруваат дека инфлацијата реално расте по месечна стапка од 50 отсто. Зимбабвеанците затоа парите ги менуваат во се за што сметаат дека во иднина ќе ја зачува вредноста. Цените на автомобили, недвижнини и акции скокнале до небо, па индексот на берзата во Зимбабве во последните два месеци ја удвоил својата вредност.

Имено, во моментов Зимбабве се соочува со „пуч“. Армијата ја презеде власта од Мугабе кој заедно со семејството е во домашен притвор.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм