04 Мај, 2024
0.0246

Зимата не се предава – нов снег на Балканот!

Објавено во: Балкан 15 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Нова снежна покривка и ниски температури во повеќето балкански земји покажаа дека иако официјално пристигна пролетта, зимата нема така лесно да си замине. Под снежна покривка утрово се разбуди главниот град на Босна и Херцеговина Сараево, а снег има на повисоките места во Хрватска и во Србија. Заради снегот кој паѓа од синоќа, денеска сообраќајот во поголемиот дел од Босна и Херцеговина е отежнат, особено на делниците низ повисоките планински предели. Иако законската обврска за возачите во Босна и Херцеговина да носат зимска опрема заврши на 15 април, од сообраќајната полиција апелираа до возачите да не тргнуваат на пат без неа. Температурите во оваа земја паднале на седум степени под нулата. Според метеоролозите, до крајот на неделата Балканот го очекува нестабилно и студено време со снег на планинските места. Предвелигденскиот снег нема да ја одмине ниту Македонија. Во текот на ноќта и утре претпладне ќе има обилни врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. На повеќе места количината на наврнат воден талог ќе биде над 30л/м2, а на повисоките планини ќе се формира позначителна снежна покривка, предвидуваат метеоролозите.

Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни