Зградата за разни државни институции од Скопје 2014-та ќе повлече уште 350.000 евра
Објавено во: Економија 18 Јули, 2018
Зградата во која треба да се вселат разни државни институции како дел од „Скопје 2014' ќе повлече уште 350.000 евра трошоци за доуредување. Склучениот договор со вклучен ДДВ изнесува 21.970.033 денари. Објектот се нао/а во истиот ред со Обвинителството, Уставниот суд и Археолошки музеј на Македонија, но од другата страна на мостот „Гоце Делчев“.
Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор во постапка со преговарање без претходно објавување на оглас склучи договор со друштвото за производство,трговија градежништво и услуги Декон-ком ДООЕЛ увоз-извоз Скопје за извдба на непредвидени работи за изградба на објект Државни институции - Централно градско подрачје на Град Скопје-Мал Ринг во Скопје.
„Постапката со преговарање без претходно објавување на оглас согласно со член 99, став (1), точка 4, алинеа 1 од Законот за јавни набавки е предложена бидејќи изведбата на непредвидените работи за изградба на објект Државни институции ГП 7.1.1 ДУП Централно градско подрачје на Град Скопје-Мал Ринг во Скопје во оваа фаза на изградба не е можно технички или економски да се одделат од Основниот договор, од 20.08.2015 година“, пишува во обрзложението.
.