18 Мај, 2024
0.0289

ЗГОЛЕМЕНИ ПЕНЗИИ: Колку реално се задоволни пензионерите?

Објавено во: Економија 28 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Најавеното зголемување на пензиите е обезбедено и од следниот месец пензионерите ќе добијат 621 денар плус.

Надлежните соопштија дека парите се обезбедени и пензиите ќе бидат исплатени навреме, а зголемувањето е буџетирано за 2016 г.

Но, колку реално пензионерите се задоволни од зголемените пензии?

Од Сојузот на здруженија на пензионери велат дека се задоволни од покачувањето на пензиите кое треба да почнат да го добиваат со исплатата на септемвриската пензија на 5 октомври.

Драги Аргировски вели дека зголемувањето е прифатено позитивно заедно со заедно со останатите проекти што ги спроведува Владата како бесплатен викенд, бањско климатска рекреација, бесплатен јавен превоз.

Нагласи дека предвиденото зголемување од 5% за наредната година ќе го подобри стандардот на пензионерите и ќе ја подобри нивната социјална и материјална сигурност а посебно стандардот на живот ќе им се подобри на пензионерите со пониски пензии кои ќе добијат подостоинствен живот

Од Партијата на Обединети пензионери тврдат дека владата манипулира . Велат дека зголемувањето на пензиите не е реално и дека е само манипулација за зголемување на рејтингот на владејачката партија.

„Владата на Република Македонија, без трошка совест, го воведе терминот „зголемување на пензиите“, само во функција на сопствен маркетинг, а го суспендира член 37 од Законот за ПИО, со кој се регулира редовното усогласување на пензиите. Вторпат, сака пензионерите „да ги преведе жедни преку вода“, во што, на општо изненадување – од само ним познати причини, добива поданичка подршка, од Сојузот на здруженијата на пензионерите (СЗПМ)” – стои во соопштението.

Од партијата објаснуваат дека Владата е должна двапати годишни да ги усогласува просечните пензи со просечната плата, и велат дека токму поради тоа ова покачување е само привидно.

– Владата и раководството на СЗПМ, наместо што манипулират со терминот „зголемување“ на пензиите на солидарна основа, нека одговорат зошто е суспендирано усогласувањето, колку просечно на годишно ниво би изнесувало редовното усогласување на пензиите, зошто во ФПИОМ нема доволно пари, дали пензиите се социјални примања, каков е соодносот на просечната пензија и плата и како тие, како „демократи и лидери со претприемачки дух“, на мала врата во Македонија ја вратија урамниловката од времето на комунизмот” – се вели понатаму во соопштенмието на ПОПГМ.

Од партијата  ги повикуваат сите пензионери да се борат за нивните права и против нивната манипулацијата.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа