Зголемување на старoсната граница за пензионирање во Русија, граѓаните на протести
Објавено во: Економија 28 Јули, 2018
Илјадници граѓани излегоа на протести вп Русија за да го изразат незадовлството од н ајавеното зголемување на старосната граница за одење во пензија.
Десетици илјади луѓе излегоа на протести низ Русија поради владиниот контроверзен план за зголемување на границата за пензија. Руската комунистичка партија е главниот организатор на протестите. Меѓу демонстрантите има и поддржувачи на опозицискиот лидер Алексеј Навални, како и од Фондацијата отворено општество на Михаил Ходорковски и движењето Лев фронт и партијата Јаболко.
Според законот се предвидува мажите до 2028 година да се пензионираат на 65 години, а жените до 2034 на 63 години. Повеќе од 2,8 милиони луѓе ја потпишаа петицијата против донесување на законот.