ЖЕСТОКИ СУДИРИ ВО СОБРАНИЕ: Локвенец тврди дека АРМ издава весник на албански јазик
Објавено во: Македонија 12 Април, 2017
Жестоки препукувања ги тресат собраниските сали и денеска.
ВМРО ДПМНЕ и СДСМ и денес со натегања околу албанската платформа.
Пратеникот од СДСМ Хари Локвенец им покажа на пратениците од ВМРО ДПМНЕ дека Армијата на Република Македонија изадава весник на албански јазики дека главен уредник е министерот Јолевски.
Приложувајќи го весникот, Локвенец укажа дека весникот се вика MBUROJA што во превод значи Штит.
Локвенец ги запраша колегите од ВМРО ДПМНЕ дали знаеле за весникот, а Трајко Вељаноски го обвини дека го крши Член 72 став 2 од Деловникот на Собранието и дозволува да се замајува јавноста.