15 Мај, 2024
0.4763

Земјотрес тест на Скај Сити

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Скај Сити висококатниците покажаа голема отпорност на земјотрес. Со денешното испитување се покажа дека овие највисоки згради во Македонија имаат одлична отпорност на вештачки произведен земјотрес со магнитуда од 4 степени.

Cevahir Izis (2)

„Нашата градба беше вршена под постојан надзор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Нивната експертиза искомбинирана со нашето големо искуство во ваков тип на градбирезултира со денешната потврда дека и во Македонија се можни високи градби со голема издржливост. Денеска и практично се докажа зошто овие 40 катници се најсигурни во Македонија”, изјави генералниот менаџер на Џеваир Македонија, Есер Џеваир.

Cevahir Izis (3)

Испитувањето се вршеше со техника на принуден земјотрес што се спроведува со вибратори кои произведуваат 5 тона хоризонтална сила. Неколкуте поставени вибратори се движат во круг и се влегува во резонанца произведувајќи вибрации како вистински земјотрес со магнитуда од 4 степени. Во зградата беа поставени 200 мерни точки од каде се добива прецизна геометриска слика за движењето на зградата под дејство на вештачкиот земјотрес.

Cevahir Izis (4)

„Кога станува збор за локални земјотреси, повисоките згради имаат поголема флексибилност на издржување со оглед на тоа што периодaтa на конструкциите е на 2 секунди, а кога станува збор за Скопските локални земјотреси тие имаат периодa од 0,3 до 0,5 секунди што значи дека локалните земјотреси потешко или воопшто не ни ги побудиле ваквите згради. Затоа и повеќепати изјавувам дека високите згради се препорачливи како градби за Скопје и за останатите градови. Овие пак згради се поосетливи на далечни земјотресикои поради нивната мала енергија нема да имаат разорно дејство”, изјави професор д-р Михаил Гаревски, директор на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

Cevahir Izis (8)

Со тестирањето се испитуваат динамичките карактеристики на зградите, што претставуваат нивна лична карта за безбедност, посебно во услови на земјотрес. Ваков тип на испитување е вршено и на Transаmerica пирамидата во Сан Франциско.

Cevahir Izis (11)

Можеби ќе ве интересира

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година