Земјотрес регистриран во Албанија го стресе Охрид
Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2021
Земјотрес регистриран во Албанија, е почувствуван и во југозападниот дел на Македонија.
Земјотресот со јачина од 3,1 степен, се случи во 14:08 часот, а е почувствуван и во југозападниот дел на земјава, во охридското. Епицентарот на земјотресот бил на 19 километри од градот Корча. Денеска пред 12 часот, земјотрес со речиси иста јачина имаше и во српскиот град Крагуевац.
Нов посилен земјотрес, како и два послаби се регистрирани синоќа кај Петриња.