Земјотрес од 8 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја, страв од цунами
Објавено во: Свет 17 Декември, 2016
Силен земјотрес со јачинаод осум степени според Рихтерова скала го погоди денеска подрачјето во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја, а Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека е можна појава на високи бранови во широката зона.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Епицентарот на потресот се наоѓал во област 157 километри источно од Рабаул, соопшти Американскиот геолошки завод.