Земјотрес ја стресе Албанија, епицентарот на 76 км од Тирана
Објавено во: Балкан 16 Мај, 2017
Земјотрес утрово е регистриран во соседна Албанија.
Во 8.29 часот имаше потрес со јачина од 3,5 степени на длабочина од 2 километри.
Епицентарот на земјотресот е на 76 километри јужно од Тирана, на 13 километри северозападно од Берат и на 9 километри североисточно од Балш.
Земјотреси утрово имаше во Турција, Иран, Австрија, Грција, Црна Гора и други држави.