Земјотрес го погоди Крит, се стресоа и други острови
Објавено во: Балкан 26 Јануари, 2017
Умерен земјотрес го погоди Крит.
Потрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во источниот дел на грчкиот остров Крит.
Тој бил почувствуван на цела територија на Крит, како и на островот Родос и предизвикал паника кај граѓаните.
Епицентарот на земјотресот бил во морето меѓу островите Крит и Касос на длабочина од 77 километри.
Засега нема податоци за повредени лица и причинета материјална штета.
Сеизмолозите велат дека по ваков потрес можно е да има и други земјотреси.
Утрово три потреси имало во Иран од 3.5, 3.6 и 3.7 степени.
Во Црна Гора имало земјотрес со јачина од 2.1 степен, а во Албанија два со јачина од 2.8 и 3.1 степен.
Повеќе земјотреси имало и во Турција, Италија, и Јонско Море.