Земјите ширум Европа затвораат граници
Објавено во: Свет 14 Март, 2020 07:51
Коронавирусот ги затвори границите во Европа.
Многу европски држави поради ширењето на коронавирусот ги затвораат своите граници и најавуваат нови рестриктивни мерки во следните денови.
Данска, Полска и Чешка го забранија влезот на своја територија за сите странци, а Прага им воведе забрана на своите државјани за излез од земјата.
Украина ги затвори граничните премини за странци на две недели, а Унгарија границите со Австрија и Словенија.
Словенија затвори шест гранични премини со Италија. Запрен е и сообраќајот со автобуси и возови.
Романија ги затвори границите со Унгарија, Украина, Бугарија и Молдавија, а Албанија со Црна Гора и Северна Македонија, а од утре и со Грција.
Кипар, исто така, ги затвори границите, а влез во земјата во следните 15 дена ќе имаат само неговите државјани.
Србија затвори 44 помали гранични премини, забранет е влез за странски државјани кои доаѓаат од жариштата на коронавирусот. Исто така, забранет е влезот и за странски државјани кои преку Романија влегуваат во Србија.
Словачка ги затвори границите за сите странци, освен за Полска.
Австрија затвори три гранични премини со Италија за сите странски државјани. Само оние кои имаат лекарски наоди не постари од четири дена можат да влезат.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




