18 Мај, 2024
0.0360

Пејоска Ристеска: Коронавирусот и карантинот доведоа до тоа преку ноќ туристичките движења да запрат

Објавено во: Македонија 14 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Oгромни штети трпи туризмот поради ширењето на коронавирусот.

Штетите ќе се бројат во милиони евра и ќе треба време за да се стабилизира состојбата. Ова ќе се одрази на нашата земја, но и глобално.

„Кога се работи за кризи од загрозувачки карактер по здравјето на луѓето, непредвидливоста и неможноста за контролирање на широк географски простор доведува и до драстично негативно влијание врз патничките движења, до сите дестинации за нормално одвивање на туристичкиот процес. Туризмот има додатна чувствителност на здравствени кризи поради ограничувања на движење, а во одредени случаи и забрана за одредени дестинации. Поради тоа што се работи за појави кои не можете однапред да ги предвидите, компаниите вклучени во туристичкиот процес трпат загуби од високо ниво. Во конкретниот случај со појавата на коронавирусот и негово ширење во одредени региони до карантинска состојба и забрана за патување, доведе преку ноќ туристичките движења да запрат, а со тоа и работните активности на субјектите во туризмот да имаат големи финансиски загуби. Македонија е дел од оваа здравствена криза во која се зафатени скоро во целост и нашите туристички компании. Штетите кои во овој момент се бележат се во милиони денари, но со продолжување на ваквата тенденција и развој на настаните тие ќе бидат во милиони евра. Флуктуацијата на патници /туристи взаемно се намалува до минимум“, вели Биљана Пејоска Ристеска, извршен директор на Стопанска комора за туризам на Македонија.

Додава дека Македонија е дел од оваа здравствена криза во која се зафатени скоро во целост и нашите туристички компании. Секојдневно загубите кои ги трпат се сѐ поголеми како во дојдовниот така и во појдовниот туризам.

„Неминовна е координираност и социјален дијалог помеѓу сите засегнати страни во општеството за надминување на состојбата. Формирано е  системско институционално кризно тело за координација на состојбите во Туризмот од страна на државата во овој  момент, кое претставува  сублимат на сите проблеми, но и тежиште за изнаоѓање на сите решенија“, изјави Пејоска Ристеска.

Охриѓани веќе чувствуваат промени, се откажуваат резервациите.

„Конкретно двајца Ангаличани минатата недела ми откажаа сместување, и кажаа дека е поради коронавирусот. Ова е за пролетните патувања, а за летните не знаеме како ќе биде“, вели сопственик на апартмани во Охрид.

За домашните туристи вели дека тие помалку се плашат од вирусот, и поретко откажуваат патувања во македонскиот бисер, Охрид.

Коронавирусот зема замав на Балканот и во Европа, а најпогодена е Италија.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање