27 Април, 2024
0.0826

ЗЕМЈАТА ВО ОГНЕН ОБРАЧ: Кои се причините за пожарите во Австралија

Објавено во: Свет 11 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Првите денови од 2020 година ќе бидат запаметени по пожарот што уништи голем дел од животинскиот свет на Австралија. Сцените на пеколот што ја зафатија земјата станаа видливи од вселената.

Рекордните температури и високите суши ја завија Австралија во црно. Пожарите се закануваат дека ќе го уништат билниот свет во поголем дел од континентот. Многу Австралијци спасот од смрт го најдоа на бродовите а огромен број животни се убиени како резултат на пожарот.

Судбина од која не може да се избега

„Сценариото како ова ќе продолжи да се случува следните години“, објаснува Кристин Ериксен, научничка која студира природни непогоди на Универзитетот во Волонгонг.

Планетата е изложена на постојано затоплување од година во година. Од почетокот на 19 век, Австралија доживеа зголемување на просечната температура за 1,5 Целзиусови степени.

Националната агенција за наука и истражување очекува се поголем број пожари. Министерството за внатрешни работи објаснува дека климатските промени се водечка причина за елементарни непогоди, а заканите за живот одеднаш се случуваат на неочекувани места.

Се разбира, климата не е единствената причина за ужасните пожари. Покрај глобалното затоплување, Австралија е погодена од краткорочни суши водени од климатските активности во Индискиот Океан. Имаше период на топлина, што целосно ја исуши ниската вегетација. Затоа, дури и најмалата искра може да пламне во катастрофален пожар.

„Ефектите од пожарот ќе бидат почувствувани за следните генерации. Тековната суша е исто толку опасна како онаа што се случи во почетокот на 20 век. Топол воздух го зголемува ризикот од силни ветрови кои доаѓаат од океанот, така што секој пожар може да биде катастрофа“, објаснува Jо Фонтајн, професор од универзитетот Мардок. Тој тврди дека високите концентрации на јаглерод диоксид во воздухот ќе го ослабнат интензитетот на пожарот.

Огнениот обрач ја стега Австралија

Пожарникарот Џејмс Рикетс во последните неколку дена гасел пожари на повеќе локации. Тој тврди дека неговата земја се нашла во огнен обрач, бидејќи претходно шумите биле во голема опасност. Веќе 40 години набљудува дека растенијата немаат вода, што ги прави лесно запаливи.

„Борбата против пожарот нема да биде ретка појава во наредните години. Пожарите стануваат се поголеми, а последиците се посериозни“, предупредува Кристин Ериксен.

Секоја федерална држава се бореше со пожарот и овој факт ги издвојува најновите пожари од сите претходни.

„Во изгорената шума што пламнува секоја година, се развиваат само оние видови дрвја и грмушки кои лесно се обновуваат. Потоа исчезнуваат во нов оган, создавајќи континуирана спирала на опасност", објаснува Кристин Ериксен, додавајќи дека опасноста никогаш нема да престане.

Мрачни прогнози

Нови проблеми со пожарот се очекуваат во 2020 година. Глобалната емисија на јаглерод диоксид достигна највисока точка во изминатата година. За да се намали температурата на планетата, неопходно е целосно нејзино укинување. Научниците предупредуваат дека човечноста мора да го започне процесот, но засега се чини како недостижна цел.

Австралија, како еден од најголемите извозници на јаглен, не придонесува за намалување на емисијата на јаглерод диоксид. Тоа е фосилно гориво кое повеќе од кое било друго емитира штетен гас во атмосферата.

Затоплувањето на планетата се очекува да се искачи за уште еден Целзиусов степен. Ова конечно ја зголемува температурата на Земјата за два степени Целзиусови над нивото пред-индустриска револуција. Тоа е граница договорена со Парискиот договор за климата. Администрацијата на Трамп официјално ќе се повлече од договорот во ноември.

Затоплувањето од од два Целзиусови степени ќе има многу последици врз животната средина. Рикетс тврди дека бројот на денови во кои Австралија ќе гори од пожари ќе достигне помеѓу 30 и 38 од сегашните 23.

Загадениот воздух е огромна опасност и за луѓето и за животните. Експертите се надеваат дека најлошото поминало и веруваат дека дождот ќе ги ублажи раните направени од огромните пожари.


Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни