Земја во која домашните туристи потрошиле 1.5 милијарди евра
Објавено во: Економија, Балкан 05 Април, 2017
Минатата година домашните туристи во Хрватска потрошиле 1.5 милијарди евра.
Приходите од туризмот се 10 милијарди евра, а се очекува до 2020 година да стигне до 14 или 15 милијарди евра.
Целта не е да се зголеми бројот на туристи, туку обемот на потрошувачка.
Ова посебно важи за пред сезона и надвор од сезона.
Секоја година за 20% се зголемуваат инвестициите во туристичкиот сектор, а потребни се и нови хотели.
Се смета дека повеќе хотели со помал капацитет ќе го дадат посакуваниот ефект.