ЗЕЛЕНСКИ МУ ПИША НА ТРАМП: Сака нов договор со САД
Објавено во: Свет 20 Мај, 2025 20:44
Украина сака трговски договор со Америка.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложил склучување договор за слободна трговија меѓу Украина и САД. Тој сака унапредување на економската и одбранбената соработка меѓу двете држави. Иницијативата е презентирана во писмо што украинскиот претседател му го испратил на американскиот колега Доналд Трамп.
Веста ја потврди украинскиот заменик-министер за економија и трговски претставник на Украина, Тарас Качка, кој за „Интерфакс-Украина“ изјави дека земјата е сериозно заинтересирана за ваков договор. Кажа дека иако САД не се најголем трговски партнер на Украина, тие се отворени за вакви договори со сите земји од Г7.
„Веќе имаме договори со Обединетото Кралство, Канада и Европската Унија, а сега остануваат САД и Јапонија“, рече Качка.
Тој објасни дека украинските производители се повеќе се насочуваат кон најразвиените пазари во светот, каде што важат највисоки стандарди.
САД и Украина неодамна го потпишаа договорот за ретки минерали.
Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO / POOL
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




