02 Мај, 2024
0.0253

Здружението „Агрооператива“ отвори земјоделска канцеларија во Струга

Објавено во: Агробизнис 19 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Во Струга денеска е отворена првата канцеларија на Сојузот на здруженија на фармери „Агрооператива“. Според најавите на здружението канцеларијата ќе служи како сервис на сите земјоделски здруженија, индивидуални земјоделци и фармери. Воедно ќе има советодавна улога, а ќе нуди и правна помош за земјоделскиот сектор. - Агроопертива“ ќе се залага за едукација на земјоделците и нивно усовршување. Ќе изработуваме програми и проекти, ќе нудиме стручна литература, правна помош и совети на земјоделците, се што е од корист за земјоделците, изјави претседателката на здружението Моника Велеска. На денешното отворање беа присутни голем број земјоделци, пчелари и фармери од струшкиот регион кои истакнаа дека на ваков начин ќе можат полесно да ги реализираат своите цели, но и ќе се овозможи поголем развој на земјоделството во регионот. - Ќе изнаоѓаме средства преку донатори, ќе ги пласираме и продаваме производите, а од оние кои немаат ништо ќе направиме фармери, рече Ристо Достиноски од здружението „Пчела“.  

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?