ЗДРАВСТВЕН ТУРИЗАМ: Масовно одат во оваа земја да поправаат заби
Објавено во: Балкан 20 Ноември, 2016
Во Хрватска масовно доаѓаат странци за поправка на заби.
Станува збор за 30.000 странци кои за оваа цел ја посетуваат земјата, е меѓу нив има и по 150 Италијанци дневно.
Особено доаѓаат во Ријека за поправка на заби. Овој здравствен туризам е актуелен пред и по сезона.
Дел од странците доаѓаат еднаш и посетуваат стоматолог, а има и такви кои неколку пати годишно доаѓаат во земјата.
Во Италија цените за стоматолошки услуги се поскапи за 40%. Освен Италијанци, има и Словенци, Австријци, и Германци за кои цените во Хрватска се три пати поевтини.
Странците во Хрватска оставаат пари со тоа што трошат за превоз, такси услуги, одат во ресторани и друго.