26 Април, 2024
0.0295

Здравјето - клучен темел за достоинствен, среќен и исполнет живот

Објавено во: Мои пари 25 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

„Секој поединец има различни вредности на кои го темели својот живот. Единствено, здравјето е „заедничката” вредност на секое човечко битие. Единствено здравјето е еден од клучните темели за достоинствен, среќен и исполнет живот. Секој сака и треба да биде здрав. Или како што велат здравиот човек има многу желби а болниот само една – да оздрави”.

Ова беше потенцирано на официјалната промоција на книгата „50=100, 50 Здравствени совети за првите 100 години од животот!“, од авторот – мр. по фармација Филип Ачкоски, како круна на проектот за подигнување на здравствената свест - Топ едукатор.

Тргнувајќи од оваа премиса, авторот со сиот свој интелектуален габарит и многугодишна пракса во сферата на здравјето, спортот и едукацијата, го создава ова дело како едноставен практичен водич за подобрување или за зачувување на Вашето здравје. Топ едукатор како проект и идеја ја исполнува основната задача - да пренесе знаење до читателот, знаење кое е акумулирано преку теоретски и практични примери.

„50=100 (50 Здравствени совети за првите 100години од животот) има цел на едноставен начин да го подигне разбирањето на обичниот човек за фреквентните медицински проблеми, да му даде насоки за самопомош и да го „обучи“кога да се јави на лекар“, вели Ачкоски.

На промоцијата се почитуваа сите мерки за заштита согласно протоколите на Министерството за здравство, што подразбира носење заштитна маска и одржување дистанца.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет