19 Мај, 2024
0.0379

Завршува времето на Самарас и Папандреу! Ципрас е новата sвезда на политичката сцена!

Објавено во: Балкан 24 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Грчките граѓани во можниот иден премиер Алексис Ципрас гледаат човек со визија за земјата.  Популарноста на партијата Сириза  е резултат на повеќе годишното незадоволство на граѓаните од реформите  кои  наместо да им го подобрат живот уште повеќе ја внесоа земјата криза, ова се дел од размислувањата на Јорос Пападакис. Грчкиот аналитичар за Фактор, смета дека стравувањата на ЕУ од се поверојатна изборна победа на левичарската партија се оправдани, сепак тој не верува дека Грција ќе ја напушти еврозоната.

Доколку лидерот на Сириза Алексис Ципрас не успее да формира Влада со партиите кои изразија начелна подготвеност за коалицирање, тогаш  на Грција и следат нови избори.

Разговараше Горазд Чомовски

Фактор:  На изборите во Грција  шефот на левичарската опозиција Алексис Ципрас, според последната анкета, има најмногу шанси да биде избран  за нов премиер. Дали тоа би значело и излез од еврозоната и што може да се очекувам по изборите?

papadakisПападакис: Сметам дека нема да стигнеме до тоа, барем не веднаш. Сириза во последните денови се обидува  да ги убеди сите во Грција ама и надвор од неа  дека ќе преговара со ЕУ. И тоа очекувам дека ќе се случи .Тоа го очекуваат и европските лидери, јасно се виде и по нивните изјави дадени  во изминативе неколку недели.

„ОПРАВДАНИ СЕ СТРАВУВАЊАТА НА БРИСЕЛ ОД МОЖНАТА ПОБЕДА НА СИРИЗА“

Фактор: Фаворитот во трката за нов премиер Ципрас,  како малку да го омекнува  ставот кон Брисел – Една од неговите последни изјави гласеше  - „Сакаме да останеме во ЕУ и еврозоната, но нема веќе да отплаќаме прекумерни кредити . На што се должи подемот на  левоорентираните партии и дали стравувањата на Брисел и Вашингтон се оправдани?

Пападакис :  До одреден степен се оправдани  стравувањата. И за тоа е виновна  Сириза оти до сега нема јасни ставови за клучните прашања.  Недоволно  јасната позиција на пАртија ќе ја чинат гласови а ќе се одрази и врз нејзиниот кредибилитет.

Но факт е дека Сириза  профитира од целокупна социјална ситуација во Грција каде што граѓаните се разочарани од сите политичари. Во изминатите  пет години  грчките граѓани минуваа низ многу тежок  период.   Граѓаните не гледа никаква перспектива за иднината за земјта. Во Сириза и нивниот лоидер сега гледаат како воо  човек  кој има визија за земјата. Токму   затоа и ќе победи Сириза а не поради фактот дека е левичарска партија.

„АКО ЦИПРАС НЕ УСПЕЕ ДА ФОРМИРА ВЛАДА, ГРЦИЈА ЈА ОЧЕКУВААТ НОВИ ИЗБОРИ“

Фактор: Изборна победа на Сириза не е загарантирана. Проценките се дека лидерот  на оваа партија тешко ќе му оди формирањето на  Влада. Досега само неколку партии  се изјаснија  дека се подготвени да соработуваат Алексис Ципрас. Може ли да се случи актуелниот и идниот кандидат  за премиер да бидат принудени да формираат широка владина коалиција за земјата да не западне во подлабока политичка и социјално-финансиска криза или во игра се други варијатни?

Пападакис: Тешко дека лидерот на Нова Демократија и актуелен премиер Самарас би се согласил да биде дел од Влада со која би раководел Ципрас. Пореално сценарио е Сириза да формира Влада со било која друга партија освен со Неа Демократија. Сепак, зависи и од притисокот кој е можел да следи од Брисел. Ако ниту Ципрас ниту Самарас ниту третата партија нема да можат да формират Влада, тогаш сигурно земјата ќе биде принудена повторно да оди на избори. Тоа за Грција би било фатално. Но мислам дека Брисел нема да дозволи таков сценарио и токму затоа мислам дека европските лидери ќе бидат принудени да интервенираат и да ги убедат грчките партии дса формираат широка владина коалиција. Сепак мислам дека вакво едно сценарио нема да се оствари.

Фактор: Како ја толкувате најавата на поранешниот грчки премиер  Јоргос Папандреу дека е подготвен да соработува со веројатниот победник на предвремените парламентрани избори во Грција, Алексис Ципрас, само доколку Сириза се согласи да биде одржан референдум за реформските политики?

Пападакис: Да почекаме прво да видиме дали Папандреу ќе влезе во новиот состав на  Парламентот. Тоа воопшто не е сигурно. Глупо е да поставиш услови кога не знаеш дали ќе бидеш воопшто фактор во политичкиот живот на Грција. Ако успеа Папандреу, тогаш ќе биде интересно да ја видиме реакцијата на Ципрас.

НЕ ОЧЕКУВАМ ПРОМЕНА НА ГРЧКАТА ПОЛИТИКА ВО ОДНОС  СПОРОТ СО ИМЕТО“

Фактор: Дали  промената на власта  во Грција позитивно ќе се одрази со релациите меѓу Атина и Скопје. Проценките  се дека  левицата отсекогаш имала по позитивен став кон Македонците или ќе остане статус кво?

Пападакис: Прави левичари сигурно би имале по позитивен став во однос на прашањето за името и на македонското малцинство. Но за жал Сириза не е права левичарска партија, без разлика дали сака да се дефинира како таква. Во Сириза се собрани луѓе дури од ултра националистички кругови. Официјалниот став на партијата воопшто не се разликува од “црвените линии” на Грција во однос на прашањето за името. Така да не очекувам во овој дел никаква промена.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел