05 Мај, 2024
0.0231

Завршува откупот на тутун во Битолско и Делчевско

Објавено во: Агробизнис 17 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Откупот на тутунот во битолскиот дел на Пелагонија, како и во Делчево и Македонска Каменицасе се одвива според предвидената динамика и без проблеми.

Во Пелагонија се  очекува за неколку денови откупот на тутунот да биде целоцно завршен, тутунот е квалитетен тутун и според првичните информации овде ќе бидат откупени повеќе од 2.000 тони, посочуваат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство.

Пелагониските земјоделци веќе се подготвуваат за новата реколта во 2013 година, а според најавите  во битолскиот дел на Пелагонија ќе бидат евидентирани околу 2.600 тутунопроизводители

Во Делчево и Македонска Каменица иако крајниот рок за преземање трае до 15 март, откупот е скоро завршен, а за разлика од 2011 година, годинава има поквалитетен тутун кој постигната повисока откупна цена од 185 денари за килограм. Најголем број тутунопроизводители од Делчевско имаат склучено договори со комбинатот „Далија табак“ кој ја реализира исплатата еден ден по предавањето на тутунот во откупниот центар.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?