05 Мај, 2024
0.0316

Добитниците на богатиот награден фонд ќе се извлекуваат в сабота, на голема отворена журка во Велес

Заврши наградната игра на Жито Маркети - Навика да освојам повеќе!

Објавено во: Мои пари 21 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Заврши големата Наградна игра “Навика да освојам повеќе!” на Жито Маркети, еден од најраспространетите малопродажни трговски синџири во Македонија. Богатиотнаграден фонд, во кој е иглавната награда - автомобилот Фиат Линеа, ќе биде јавно извлечен на отворена забава, за сите расположени за добра журка, оваа сабота, на 22 октомври, во Велес.

“Интересот што го предизвика Наградната игра “Навика да освојам повеќе!” кај потрошувачите низ цела Македонија, ги надмина сите наши очекувања. Тоа говори и за атрактивноста на наградите и наградниот фонд, но и за лојалноста на потрошувачите кон брендот Жито. Ова за нас е поттик и понатаму да ја развиваме нашата препознатлива политика на овозможување на дополнителна вредност на потошувачите за нивниот буџет, со атрактивни цени, промоции, бонуси и други поволности при пазарењето. Затоа, веќе следниот месец тргнуваме со нова, голема промотивна акција, ексклузивно за нашите потрошувачи”, изјави Стојанче Тодороски, маркетинг директор во Жито Маркети.

Јавното извлекување на наградите и големата отворена забава за сите зиинтересирани, ќе се одвива на платото пред супермаркетот Жито Ване, во Велес, со почеток од 18,00 часот, со голем број на дегустации и презентации на компаниите –пријатели на Жито Маркети. Тензијата на забавата ќе ја одржуваат млади и етаблирани домашни артисти, меѓу кои ѕвездичките Антонија и Мартија, потоа ќе настапи Марко Маринковиќ Слаткар, па Панчо и Андреј од АрЕнБи дуото ДНК, како и фолк мајсторот Благоја Грујоски. Финалето - со извлекувањето на главната награда – автомобилот Фиат Линеа, ќе биде проследено и со голем огномет.

Наградната игра “Навика да освојам повеќе!” траеше месец и половина, од 1 септември, до 16 октомври годинава, а во наградниот фонд, покрај главната награда, се вклучени скутери, смарт телевизори, машини за перење, лап топ компјутери, како и вредносни ваучери, кои што можат да се употребат за пазарување во продавниците на овој трговски синџир.

Жито Маркети се една од најбрзорастечките трговски марки во Македонија, со 52 малопродажни објекти низ целата земја, со концепт на маркет, супермаркет и дисконт продавници. 

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото