Заврши комисиската расправа во Собранието, вработените во јавниот сектор не добија зголемување од 2.806 денари
Објавено во: Македонија 02 Јули, 2022
Членовите на собраниската комисија за финансирање и буџет денеска не го изгласаа предлог-амандманот на опозицијата во рамките на ребалансот на буџетот за линеарно зголемување на платите на вработените од јавниот сектор за 2.806 денари. По ова Сојузот на синдикати на Македонија јавно започна да ги прозива пратениците од владеачкото мнизнство кои гласаа против.
Попладнево заврши комисиската расправа за ребалансот на буџетот, без да биде прифатен амандманот за зголемување на 2.806 денари, додека ССМ протестираше пред Собранието.
Дарко Димовски, претседателот на ССМ, веднаш по гласањето рече дека штрајкот на јавниот сектор продолжува и посебно го посочи, Филип Николовски, заменик-министерот за финансии дека им дал лажно ветување.
Амандманот на ССм застапуван од опозициските пратеници повторно се најде на дневен ред. Расправата продолжи денеска во 13.30 часот.
Пред Собранието од ССМ беа поставени 14 столчиња за пратениците членови во Комисијата.