Добивај вести на Viber
На повеќе од половина од утврдените локации реконструкцијата на фасадата е веќе завршена, а на сите останати локации реконструкцијата е веќе започната, информираше општина Центар за проектот со кој ги обновува фасадите на станбените згради на нејзината територија.
Проектот за енергетска ефикасност во Општина Центар, со кој беше извршена реконструкција на старите и дотраени фасади на станбените згради, е во својата напредна фаза. Со овој проект, со кој беа опфатени 11 колективно – станбени згради, Општина Центар им овозможи на своите граѓаните, да ги подобрат своите услови на домување во смисла на заштеда на енергија, намалени трошоци, намалување на загубата на топлинска енергија и заштита на животната средина.
Еден од условите за аплицирање на проектот беше и 70% од станарите во зградите, заинтересирани за реконструкција на термичка фасада, да се согласат да ги променат балконските врати и прозорци. Општина Центар за овие активности од својот буџет, издвои 30 милиони денари. Исто така и невладината организација Хабитат Македонија се вклучи во овој проект, со тоа што на веќе избраните станари им пружи поддршка во насока на обезбедување и монтажа на прозорци со низок коефициент на пропустливост, што директно влијае на заштедата на енергија.
Поради големиот интерес, Општина Центар и оваа година ќе продолжи со реализација на енергетско ефикасни проекти и реконструкција на фасади на станбените згради на територија на истата.