Затвор за Македонец кој пијан и гол на Родос тепал полицајци
Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2017
Грчката полиција информираше дека 30-годишен скопјанец е осуден на 20 месеци затвор бидејќи под дејство на алкохол нападнал тројца полицајци на Родос, пренесе сајтот Прототема.
„Инцидентот се случил на 17 овој месец на плоштадот Еврејски маченици во стариот дел на градот Родос. Откако се испијанил, македонскиот државјанин се соблекол гол и легнал на една од кафеанските маси. Кога пристигнале полицајците, го замолиле да се облече, но тој ги нападнал со предмети кои му биле при рака, поради што припадниците на грчкото МВР морале да го уапсат и да го однесат во најблиската станица“ - изјави Акис Димитријадис, портпарол на судот за прекршоци на Родос.
Обвинет е за давање отпор, нанесување лесни телесни повреди, навредување, заканување и предизвикување штета.