Затекнати лица без сертификат во обложувалници во тетовско
Објавено во: Македонија 26 Декември, 2021
Тетовската полиција заедно со инспектори од Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи вчера затекнали лица без ковид сертификат кои се затекнале во две обложувалници во тетовско.
Попладнето во тетовските села Милетино и Радиовце вкупно биле легитимирани 8 лица. Две од нив не поседувале сертификат за примена вакцина.
Против затекнатите и обложувалниците ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.